Делчевец, јавно му се извини на премиерот Зоран Заев за Вибер преписка од пред две години, пренесе локалната телевизија ТВ Стар.
– Сакам јавно да му се извинам на премиерот Зоран Заев за преписка која ја имавме на Вибер. Првиот пат во март 2017 година кога се правеше Владата и кога сметав дека не треба да коалицира со ДУИ. Потоа некаде во ноември истата година барав да бидат ослободени сите уставобранители на чело со Игор Дурловски. Тогаш бев и кај него во Владата и поднесов Петиција за нивно ослободување“, изјави Зоран Македонски.
Тоа што „испушти“ делчевчанчето Зоран да го каже е дека неговите објави на социјалната мрежа Фејсбук беа полни со навреди, закани и говор на омраза. Во „извинувањето“ се насетува и не така суптилен обид за спинување и пропаганда, преку тоа што уште еднаш се потсетува на „причините“ за неговите објави и активности.