Австралија оваа седмица го забележа најтоплиот ден од кога се вршат мерења, со просечна температура од 40,9 степени Целзиусови, во текот на сезоната на големи пожари во природата.
Вчерашната вредност го надмина рекордот од 40,3 степени од јануари 2013 година, соопшти Метеоролошката служба.
„Оваа горештина само дополнително ќе се зголеми денеска“, изјави метеорологот Дајана Еди, пренесе АФП.
Актуелниот топлотен бран во Австралија е уште еден предупредувачки сигнал на глобално затоплување, Овогодинешната сезона почна порано и е посилна од претходно, а властите се под притисок да направат повеќе по повод климатските промени.
Со месеци ширум Австралија се шират стотина пожари, вклучувајќи големо жариште недалеку од Сиднеј, најголемиот град во земјата.







