ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претседателот Пендаровски ги прими членовите на Советот за граѓански надзор

Собранието треба да овозможи непречено практично, а не само декларативно функционирање на Советот за граѓански надзор во безбедносниот сектор.

January 17, 2020 16:19
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на Советот за граѓански надзор од кои беше информиран за состојбата, предизвиците и проблемите во работењето на Советот.


-Неговото функционирање е особено значајно во предизборниот период, како единствен орган кој може да врши контрола на законитоста на спроведување над мерките за следење на комуникациите. Членовите на Советот изразија загриженост поради нефункционалноста на ова тело која, како што рекоа, произлегува од несоодветното спроведување на Законот за следење на комуникациите, којшто беше донесен со консензус меѓу политичките партии, информира Кабинетот на Претседателот.

Како што е наведено во соопштението, соговорниците потенцираа дека пратениците во Собранието треба да овозможат непречено практично, а не само декларативно функционирање на Советот за граѓански надзор во безбедносниот сектор.

-Тие нагласија дека нивната задача е да ги проверуваат сомнежите на граѓаните, да советуваат и алармираат, а токму реформите во овој сектор се еден од условите за нашите евроатлантски интеграции. Претседателот Пендаровски посочи дека безбедносниот сектор е еден од основните предуслови за политичка и економска стабилност на секоја правна држава. Оттаму, рече тој, сите надлежни институции треба да бидат максимално посветени во реформските процеси, вклучувајќи го и овозможувањето на целосна функционалност на Советот за граѓански надзор, како еден од механизмите во обезбедувањето на општите но и индивидуалните сигурност, приватност, права и слободи на секој граѓанин, информира Кабинетот на Пендаровски.

На средбата присуствуваа претседателката на Советот, Маргарита Цаца Николовска, и членовите Ице Илијевски, Гордан Калајџиев, Дијана Тоска, Арјета Цека Жаку и Марија Златанова-Коцева.

Next Post

На пет различни начини ќе се прави трансфер на вработени од јавна администрација во приватен сектор

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

November 2, 2025

Лукровски прогласи победа во Карпош

November 2, 2025

Јовановски води пред Дехари во Кичево, Дејан Митески води во Аеродром, Сотир Лукровски во Карпош, Горан Герасимовски во Центар и Курто Дудуш во Шуто Оризари

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk