Во гостување во емисијата „И што сега“ на МТВ, претничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева посочи дека доколу немаме вистинско функционирање на Јавното Обвинителство тогаш секако не можеме да говориме за вистинска борба, воопшто против криминалот.
– Владата како предлагач, но и пратениците од владејачкото мнозинство покажаа во изминатиот период дека сакаат инклузивност во овој процес, и дека сакаат да се слушнат сите мислења и да постигнеме консензус кон едно исклучително важно прашање како што е Законот за Јавно обвинителство. Ние скоро година дена со одредени паузи, цело време работиме на приближување на одредени ставови и ова решение за коешто денес се отвори јавната расправа всушност е трета верзија која што е понудена од страна на Министерството за правда, истакна Калеска Ванчева.




