„Постигнатиот договор со Грција ги отвори перспективите кон НАТО и ЕУ и ново поглавје во односите меѓу двете земји и севкупните односи во регионот. Придобивките веќе се чувстуваат – економскиот раст е интензивен, а тоа значи и повеќе пари кај граѓаните.
На денешната средба со пратеничките Катерина Нотополу и Ирини Агатополу од партијата Сириза од Грција зборувавме за позитивното влијание на Договорот од Преспа врз економијата и животниот стандард во двете земји“, напиша претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Фејбук.





