ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Kанаѓаните не сакаат да плаќаат за безбедноста на Хари и Меган Маркл

Според испитување на Си-Tи-Vи, 77 отсто од луѓето се против тоа – канадските даночни обврзници да плаќаат за војводата и војвотката од Сасекс, откако тие во Канада не престојуваат во својство на претставници на кралицата. Само 19 отсто од испитаниците не се против идејата земјата да преземе дел од расходите за сигурноста на благородниците.

February 3, 2020 10:25
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Мнозинството од Канаѓаните сметаат дека нивната држава не треба да плаќа за безбедноста за принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, кои се преселија во канадската провинција Британска Колумбија.

Според испитување на Си-Tи-Vи, 77 отсто од луѓето се против тоа – канадските даночни обврзници да плаќаат за војводата и војвотката од Сасекс, откако тие во Канада не престојуваат во својство на претставници на кралицата. Само 19 отсто од испитаниците не се против идејата земјата да преземе дел од расходите за сигурноста на благородниците.

Канада е парламентарна монархија, а кралицата Елизабета Втора е врховна владетелка на државата.

Сè уште нема официјално известување за тоа – кој ќе ги покрие тие трошоци, откако Хари и Меган најавија напуштање на кралските задолженија. Канадските власти само посочуваат дека разговорите се во тек.

Повеќе од две третини од Канаѓаните сметаат двојката и нивното бебе ќе бидат повеќе почитувани во Канада, отколку во Велика Британија.

Хари и Меган сега живеат во Викторија, на островот Ванкувер. И, не допуштаат никакви ризици – минатиот месец издадоа законско предупредување кон медиумите поради снимки од војвотката и нејзиниот малолетен син Арчи. Адвокатите нивни тврдат оти снимките се направени без согласност на Меган.

Од друга страна, според испитувањето, само 32 отсто од луѓето се за натамошна зависност од британското кралско семејство и статусот на Канада како уставна монархија. Натаму, 28 отсто само донекаде го поддржуваат тоа, а дури 35 насто се против врските со британската држава.

Проучувањето е спроведено по телефон и на интернет, на примерок од 1.003 жители и можна грешка од 3,1 отсто.

Next Post

СДСМ: До крајот на 2020 пензиите ќе пораснат за 900 денари

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Досега 30 репрезентации изборија учество на СП 2026

November 15, 2025

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани

November 15, 2025
Фото: Maria Oswalt / Unsplash

Во САД извршена уште една смртна казна: 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за тројно убиство

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk