пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Нешто што досега беше необврзано и расфрлано, ќе се обидам да го вообличам во рубрика што можеме да ја викаме “Миц по Миц”.
Идејата ми е да поместувам кратки форми инспирирани и посветени на нашиот најдобар, најсимпатичен, најинтелигентен
политичар, обновител, човек кој по беатификацијата
на 12 април, ќе го добие името Свети Христијан,
великомаченик, заштитник на злото, на кретените и будалите и на сѐ што е изопачено на земјата, во воздухот и во водата.
Господ е голем!
Сите го заслужуваат неговото внимание.
И безграничната љубов.
Врзете се, полетуваме!
Миц по Миц
Копук ди тути копуци
Во Вечерната политичка школа на “Конрад Аденауер”, го прашале Мицкота дали земјата се врти околу сонцето или сонцето се врти околу земјата, а тој рекол: “Кај нас, во Македонија, се се врти околу Заев!”
Мицко му рекол на некој геј:
“Немој да ме ебеш ко Заев, океј!?”
Овој му рекол: “Ма, ко те јебе, будало, бреј!”
Заев му рекол на Мицкота: “Ако ме споменеш помалку од сто пати во некоја изјава или интервју, нема да дозволам да ме уапсиш кога ќе станеш премиер во 2096 година. Ќе ти избегам, не во гепек, како вашиот скот, туку во мртовечки сандак, не надвор од земјата, како вашиот копук ди тути копуци, туку во земјата. Во мојата љубена Северна Македонија.
Го прашале Мицкота зошто толку многу му пречи одредницата “Северна” во името на Македонија, а тој рекол: “Затоа што во ниту една северна република нема вмро, плус толку неработници, мрзи, мафиоти и сеирџии, вработени кај Заев, таа одредница нас нѐ обезличува и карактерно нѐ изопачува.”
Веднаш по оваа изјава, директорот на Вечерната политичка школа “Конрад Аденауер”, дал налог Мицко да се префрли во едно одделение погоре.
Што е тоа државен удар?!
Мицковски: Државен удар е оперско-драмски и полициско-професорски перформанс, со кој се спречува една земја да стане опасно нормална.
Од Ал џезира се интересирале можат ли Синиша и Наќе да го повторат државниот удар!?
Мицковски рекол: “Па, јас верувам дека можат, не знам дали Заев ќе сака да учествува, но нашите таленти се спремни.”
Го прашале Мицкота да каже нешто за Дарвин и за креационизмот, а тој рекол: Заев е најголемиот креационист, тој е креатор на сиот криминал во Македонија, Македонците, да ви кажам, немаат врска со Дарвин, нашите се главно во Перт, Мелбурн, Сиднеј!
Интервју со Мицко во редакцијата на Офаманаман
Офаманаман: Македонија почива на договори, на договорите од Букурешт, Јајце, Прохор Пчињски и Преспа?
Мицковски: Па, да, во Букурешт нѐ распарчија, во Јајце нѐ изведоа, во Прохор нѐ комунизираа, а во Преспа нѐ уништија!
Офаманаман: Добро, но, кој курац правите вие од вмро, некои експерти велат дека вие сте, всушност, манекени, манекени на злото, на историското зло, и тоа цело време?
Мицковски: Ама какво зло, какви манекени, господине Тричковски, па Македонија е вмро и вмро е Македонија!
Офаманаман: Ма заебете ги тие фрази, ако Македонија е распарчана, направена и растурена без вмро, кој курац сте вие ако не живи макети, парадери, модели?
Мицковски: Ама ви се молам, какви манекени, ние сме револуционери!
Офаманаман: Какви револуционери, господине Мицко, па сите знаеме дека од Студентскиот сервис во Софија, сте плаќале статисти да се сликаат по софиските студија со пушки и реденици, да глумат чети и комити, сликање, плаќање, па пиење, така ли било или не!
Мицковски: Годподине Тричковски, па вие се заебавате со револуционерната борба на македонскиот народ за слобода!
Офаманаман: Недејте да се тревожите, правилно се вика “револуционерната борба на македонскиот народ против слободата!”
Мицковски: Ама, ви се молам, како против слободата!?
Офаманаман: Затоа што така е успешна, инаку би била поразителна, за вас е подобро да сте се бореле против, како што и било, а и сега е, отколку за.
Мицковски: Ништо не разбирам!
Офаманаман: Нормално, еве, ќе ви објаснам, ако е вмро Македонија и Македонија е вмро, на што личи тоа што и на овие избори ќе учествувате како една обична политичка партија, како една алтернатива, тоа ли е вмро-дпмне, вие, драг мој Мицко, сте го изневериле македонскиот народ и своите принципи сте ги изневериле, вие му дозволувате на македонскиот народ да бира меѓу вас и меѓу Заев и Ахмети, како да му давате да бира меѓу Гоце и султанот, па, добро, тоа ли е вмро, па уште дмпне, да ви ја ебам и револуцијата и слободата и единството, па нели е уништена државата, идентитетот, достоинството, како сега ќе одите на избори во тоа што сте дозволиле да стане уништено, кај сте биле, пичка ви лепа материна револуционерна, знаете што, јас ќе ви кажам, вие ја имате револуционизирано само пљачката и кретенизацијата на Македонија!
Мицковски: Вие сте безобразен и невоспитан!
Офаманаман: Добро, кажете ми на крајот, има ли во Македонија што да се пљачка откако вмро опљачка 5,6,7,8… милијарди евра!?
Мицковски: Да ги почекаме резултатите од изборите, да ги видиме билансите, па ќе ви кажам, но, јас, во принцип, верувам дека Македонија е богата земја, која во смисла на вашето прашање, е неисцрпна.
Офаманаман: Тенкју мистер Мицко, желаја ви успехи на идваштите избори, но пред самиот крај само уште нешто: дали верувате дека ќе бидете идниот премиер на Северна Македонија
Мицковски: Ма, не, Тричковски, какво е ова прашање, мислев дека сте поинтелигентен, јас само му помагам на Заев, тоа е, поздрав за вашите читатели!
Офаманаман: Колку убав крај, господине Мицко, честитки!