Полиците во италијанските супермаркети се празни, откако населението ги опустоши, соочено со изолација поради епидемијата на коронавирус.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте рече дека 50.000 жители на северот на Италија може да бидат потполно отцепени во следните неколку недели.
Локалното население, пишуваат медиумите, веднаш тргнаа да изнакупат залихи. Голем број луѓе се појавија пред супермаркетите, носејќи маски. Се формираа долги редови.
https://twitter.com/QuakeFury/status/1231681792119312388
Купуваќите мораа да почекаат додека трговците се обидуваа да организираат групи од четириесет луѓе кои би влегувале во маркетите по производи.
Исто така, Венеција ја откажа главата карневалска прослава и сите други јавни настани. Последните денови на карневалот ќе бидат откажани иако привлече неколку илјади посетители, пренесе Novac.hr.
Драстични мерки презеде и италијанскиот дизајнер Џорџо Армани кој ја откажа својата модна ревија од истите причини. Армани утрово најави откажување на настанот, но сепак порача дека ќе биде обезбеден во живо пренос „зад затворени врати“ и без гости. Ги замоли сите да не доаѓаат на ревијата.





