ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Домашните телевизии остануваат на „програмата“ на операторите, одложен најавениот прекин за реемитување

Ваквата одлука е донесена по вчерашната средба на премиерот Оливер Спасовски и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски со претставници на Здружението на информатичко-комуникациски технологии, кое ги обединува сите телевизиски оператори.

March 1, 2020 09:05
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Стапувањето во сила на одлуката на Здружението на информатичко-комуникациските технологии за прекин на реемитување на сите домашни и странски ТВ канали на 2 март на полноќ, со исклучок на каналите на јавниот сервис МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал, е одложено.

Ваквата одлука е донесена по вчерашната средба на премиерот Оливер Спасовски и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски со претставници на Здружението на информатичко-комуникациски технологии, кое ги обединува сите телевизиски оператори.

Одлуката за одлагање на прекинот на реемитувањето, како што соопшти владината прес-служба, е донесена со оглед на можностите што се гледаат во изнаоѓање решение во скоро време, како и свесноста од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните.

Одлуката за прекине реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали на 2 март, Здружението на информатичко-комуникациските технологии ја донесе во четвртокот, со цел, како што соопшти, за да се остави простор за изнаоѓање законско решение во интерес на граѓаните.

Операторите најавија дека прекинот на реемитување на телевизиските канали ќе биде во сила сѐ додека надлежните институции не изнајдат прифатливо решение со кое ќе се стават вон правна сила, според нив, спорните законски одредби кои го оневозможуваат нормалното работење на целата индустрија.

Ваквата одлука на членките на Здружението на ИКТ уследи по последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги (ЗААВМУ), кои според нив биле донесени нетранспарентно и избрзано и со кои на операторите им се наметна обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат.

Петте национални телевизии здружени во Македонската медиумска асоцијација (ММА), ваквата најава за прекин на реемитување на сите ТВ канали, со исклучок на тие на јавниот сервис, ја оценија како апсурдна, паушална и незаконска.

Тие апелираа операторите да ја преиспитаат најавата, а надлежните институции да ги потсетат на обврските што ги имаат со добиените лиценци за работа, како и дека не може да бидат дотолку општествено неодговорни, со оглед на деликатната состојба со потребата за известување за коронавирусот и предизборниот период.

Претставниците на ММА на прес-конференција соопштија дека гарантираат за авторските права на нивните програми и истакнуваат дека се задоволни што конечно по 30 години се прави обид да се воведе ред во таа област.

– Најавата од кабелските оператори и А1 и Телеком за исклучување на сите канали во нивните телекомуникациски мрежи е апсурдна, неразбирлива. Ние ги гарантираме авторските права 24/7 и гарантираме дека на нашата програма не се појавува никаква пиратерија, ништо за што не е регулиран договор и за што немаме законско право да емитуваме. Оттаму, навистина е чудно зошто нас би не исклучиле од нивните телекомуникациски мрежи како емитувања, особено што имаме и валидни договори, евентуално раскинување на тие договори трае 30 дена, така што ова е паушален незаконски чин, да не речам хир од страна на кабелските оператори, рече на прес-конференцијата претседателот на ММА, Атанас Кировски.

Тој укажа дека операторите имале една година да се прилагодат на стапувањето во сила на Законот, што беше донесен во 2018 година и за кој имаше јавна расправа и беше објавен на ЕНЕР. Според него, не е точно дека измените се донесени во нетранспарентна и брза постапка од Собранието, кое изгласа само укинување на делот со кој се предвидуваше дека законот ќе стапи во сила 60 дена по конституирање на новиот состав на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги, што не се случи.

Кировски оцени дека изјавата на претседателот на АВМУ, Зоран Трајчевски дека законот е донесен во брза и нетранспарентна постапка е политичка и оти со тоа тој се става над Собранието и треба да поднесе оставка.

Инаку, на 21 месецов повеќе оператори поднесоа заедничка Иницијатива до Уставниот суд за поништување на, според нив, спорните одредби како неуставни и побараа донесување времена мерка со која веднаш ќе се одложи примената на усвоените законски измени, поради нивна неуставност.

Next Post

Нема нови позитивни случаи на коронавирусот во земјава, властите апелираат да се почитуваат препораките

НАЈНОВО

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025
ФОТО: РФМ

Македонските кадети се пласираа на ЕП во ракомет

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Јаник Синер со двоен триумф: Победа во финалето во Париз и враќање на врвот на АТП-листата

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk