ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Европратеници: Заев ја направи вашата држава посакуван партнер на ЕУ

„Зоран Заев и неговата Влада се најдобриот пример во Југоисточна Европа што една држава и една Влада можат да го направат за доброто за своите граѓани. Покачување плати и пензии, големи напори за обезбедување слобода на медиумите, за основните човекови права – ова е земјата што сакаме да ја видиме во Европската Унија”- изјави Тања Фајон, пратеничка во Европскиот парламент.

March 11, 2020 09:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На 24. Конгрес на СДСМ со видео пораки за поддршка на политиките на СДСМ и претседателот Зоран Заев излегоа поголем број европските пратеници, како и меѓународно признати политичари од регионот.

„Зоран Заев и неговата Влада се најдобриот пример во Југоисточна Европа што една држава и една Влада можат да го направат за доброто за своите граѓани. Покачување плати и пензии, големи напори за обезбедување слобода на медиумите, за основните човекови права – ова е земјата што сакаме да ја видиме во Европската Унија”- изјави Тања Фајон, пратеничка во Европскиот парламент.

На неа се надоврзуваат и изјавите на други европратеници, кои ја познаваат политичката и економската ситуација во државата и според кои напредокот на Северна Македонија е очигледен.

„Успеавте да ја внесете државата во НАТО – ова е историски настан. Многу сте блиску и верувам дека наскоро ќе ги започнете преговорите за членство во Европската Унија. Вие го заслуживте тоа. СДСМ одржува Конгрес на кој ќе се одлучува за иднината на партијата и на државата” – порача Сергеј Станишев, претседател на Партијата на европски социјалисти.

„Ние како Европејци, како Швеѓани, се надеваме и работиме кон тоа да добиеме позитивна одлука за проширувањето на ЕУ и да им посакаме добредојде на нашите сестри и браќа од Северна Македонија, во Европската Унија, во најкус можен период” – изјави Јохан Хесел, меѓународен секретар на Социјалдемократската партија од Шведска.

Европратеникот Тонино Пицула изрази оптимизам дека СДСМ ќе продолжи со успешните европски политики.

„Очекувам во следниот период дека Владата на Зоран Заев ќе продолжи по реформскиот пат и во следните години” – порача Пицула, пратеник во Европскиот парламент.

Северна Македонија не е само европски позитивен пример. На нашата држава сега поинаку гледаат и политичарите од регионот кои ги признаваат успесите и за кои сметаат дека се видливи и дека го градат вистинскиот пат кон Европа.

„Очите на целиот регион се вперени кон Македонија. На сите нам ни давате надеж дека може многу подобро, дека може да се направат големи чекори. Луѓето гледаат дека може да постои одговорна власт која своите граѓани ги третира како партнери” – категоричен е Саша Магазиновиќ, пратеник во Парламентарното Собрание на БиХ.

„И во светот, и во Хрватска се гледа дека во Македонија има голем раст, дека Македонија почна да се реформира, дека се развива и се отвора кон светот” – заклучува Давор Бернардиќ, претседател на СДП – Хрватска, во пресрет на Конгресот на СДСМ.

Сите овие пораки и очекувања на европските политичари се резултат на успешните резултати кои СДСМ, граѓаните и Владата ги постигнуваат се со една цел – нашата држава да биде дел од европското семејство.

Next Post

Мурињо трет пат по ред елиминиран во осминафиналето

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

„6-7” прогласено за „Збор на годината“ – иако не е ниту збор

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Кралот Чарлс го протерува Ендру од Виндзор

November 2, 2025

До 11 часот гласале 10, 1 проценти од гласачите на вториот круг од локалните избори

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk