По срамната одлука на Уставниот суд, соопштувам дека сите избрани и именувани функционери на СДСМ разликата во платата над 14.500 денари ќе ја донираат во државниот фонд за помагање на граѓаните и борбата против коронавирусот, истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на денешната прес-конференција.
Николовски вели дека во духот на солидарноста, министри, пратеници, заменици-министри, државни секретари, директори на претпријатија и останати функционери на СДСМ ќе земаат минимална плата од 14.500 денари, без оглед на одлуката на Уставниот суд.
„Разбираме низ што поминуваат граѓаните и заеднички, со меѓусебно помагање ќе се избориме со сите предизвици. Справувањето со економските последици предизвикани од коронавирусот бараат посветеност, одговорност и пред се солидарност од сите нас. Како партија, како одговорони поединци продолжуваме да работиме единствено за интересите и во интерес на граѓаните.“, потенцира Николовски.
Генералниот секретар на СДСМ нагласува дека заеднички ја надминуваме здравствената, заеднички ќе ја надминеме и економската криза и овие предизвици.