ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: На ред е правосудството да се прочисти од корумпираните

Нашата држава влезе во НАТО и следува отворање на преговорите со ЕУ, каде во првите поглавја е правосудството и почитувањето на човековите права. Правдата не е избор, туку должност на оние кои во име на граѓаните ги водат институциите, поради што имаат и обврска да се отчетни, транспарентни, чесни и правични пред себе и пред граѓаните и пред државата, изјави Спасовски.

June 27, 2020 11:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ги поставивме основите за правна држава и сега е на ред правосудството да се прочисти од корумпирани судии и обвинители, изјави денеска Оливер Спасовски, носителот на листата на Коалицијата „Можемe” во ИЕ 2.

Во изминатиот мандат како што наведе Спасовски, тие докажале дека нема да има нарачени пресуди, тефтерчиња и „Ало судија”.

– Ние, во изминатите три години работевме на свеста и на одговорноста на извршната власт – никој да не помисли да се меша во работата на правосудната власт, како што тоа се случуваше во мрачните времиња на режимот. Го донесовме Законот за јавно обвинителство што гарантира дека сите предмети со висока корупција, мора да имаат судска разрешница. Во нашата програма се обврзуваме на ред, дисциплина и правда. Прв приоритет во овој дел е прочистување на правосудството, во кое што се наоѓаат остатоци од груевизмот, изјави Спасовски.

Судиите и обвинителите според него имаат обврска да испорачаат владеење на правото, во кое што законот е еднаков за сите.

Тој истакна дека купување правда, монтирани случаи, жртви на режим е минато, односно како што потенцира Спасовски, секој кој ќе се дрзне да се вмеша во такво нешто, па дури и да се тоа обвинители и судии, ќе мора најде под лупата на правдата.

– Нашата држава влезе во НАТО и следува отворање на преговорите со ЕУ, каде во првите поглавја е правосудството и почитувањето на човековите права. Правдата не е избор, туку должност на оние кои во име на граѓаните ги водат институциите, поради што имаат и обврска да се отчетни, транспарентни, чесни и правични пред себе и пред граѓаните и пред државата, изјави Спасовски, кој додаде дека СДСМ така работи и цели кон ЕУ, односно така мора да работи и правосудството.

Програмата од Коалицијата „Можеме”, како што рече Спасовски, се обврзува на ред, дисциплина и правда.

– Тоа значи сигурност. Спротивното е опасност: обнова на режим, нови закани, нови уцени, монтирани судски пресуди, пусти надежи на Груевски, обновен во Мицкоски, изјави Спасовски по средбата со граѓани  во скопската општина Гази Баба. .

Спасовски, кој моментално ја врши функцијата техничките премиер на Северна Македонија, рече дека назад веќе нема, на прав пат сме да обезбедиме вистинска правна држава и дека ќе продолжат да работат во таа насока, уште повеќе и уште подобро.

Next Post

Новa аудио снимкa за Рекет: Мицкоски потврдува дека Орце Камчев му ги плаќал долговите на партијата

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер и Оже – Алијасим во финалето на мастерсот во Париз

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

November 1, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk