ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Слободен печат: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ си се обезбедил статутарно, Мицкоски „имун“ на оставки во следните шест месеци

September 30, 2020 16:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За ВМРО-ДПМНЕ темата за смена на претседателот Христијан Мицкоски е завршена работа, велат од партијата по најновиот повик за негова оставка и за свикување на вонреден конгрес што вчера преку Фејсбук му го упати поранешниот пратеник од Австралија, Васко Наумовски, кој е член на реформистичката струја во опозициската партија. Според статутот на партијата, во наредните шест месеци не може да се почне иницијатива за свикување вонреден конгрес, откако на 21 септември Централниот комитет (ЦК) го одби барањето за вонреден конгрес што го поднесе самиот Мицкоски, oбјави Слободен печат.

– Таа тема е завршена работа, ВМРО-ДПМНЕ досега ги одговори и ги објасни во јавноста сите аспекти, вели партискиот портпарол, Димче Арсовски за „Слободен печат“ во врска со најновиот повик на Наумовски.

Мицкоски завчеравечер го повтори својот став дека и да се одржи вонреден конгрес, тој нема да се кандидира, но рече и дека „нема да отстапи додека мафијашите не добијат правда“. Тој во интервју на ТВ Телма рече дека работи според статутот што го поздравила и Европската народна партија и неколкупати повтори дека не е апсолутист во партијата. Мицкоски многуте повици за негова оставка и реформи во партијата ги оцени како показател за демократијата што ја имало во ВМРО-ДПМНЕ и која ги надминувала и границите на Балканот.

Според статутот на партијата, ако ЦК не изгласа потреба да се одржи вонреден конгрес, во наредните шест месеци не може да се иницира нова постапка за негово одржување доколку целта на тој конгрес е да се гласа доверба на претседателот. На 21 септември, ЦК гласаше на барање на самиот Мицкоски и не усвои одлука за свикување вонреден конгрес. Пред истекот на шест месеци по одлуката на ЦК може да се свика вонреден конгрес само при предвремен престанок на мандатот на лидерот или ако се менуваат целите и задачите на партијата. Барање за свикување вонреден конгрес може да поднесат претседателот или најмалку половина од членовите на ЦК, а одлуката за неговото одржување се донесува со двотретинско мнозинство во ЦК. Ако се изгласа недоверба на претседателот, на истиот конгрес се избира нов претседател.

Членот на иницијативата за смена на Мицкоски, поранешниот пратеник Васко Наумовски, го повика лидерот да ја преиспита сопствената одговорност и го потсети на серијата порази на локалните избори во 2017 година, на претседателските во 2019 година и на парламентарните од ова лето, како и за немањето прецизен став за промената на уставното име на Македонија.

Next Post

ССМ ги повика работодавачите да исплатат К-15

НАЈНОВО

Фото: МИА

Љупка Цветанова добитничка на првата награда на вториот Меѓународен фестивал на сатирата „Џинот“

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025

До 13 часот излезеноста 19,96 проценти, за Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk