Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ги приведоа А.Ц. (20) и К.Ј. (19) од скопско, и Е.Л. (20) од велешко поради основано сомнение дека на 10-ти минатиот месец околу 13.30 часот во село Петровец извршиле разбојништво над Д.М. од Велес, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Лицата се приведени во ПС Гази баба и по наредба на јавен обвинител е извршено препознавање, при што нападнатиот ги препознал напаѓачите. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава./МИА/