„ВЕЧЕРЊИ ЛИСТ“: Бугарија го користи членството во ЕУ за негирање на македонскиот идентитет.
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: Министерот Османи да му врачи протестна нота на бугарскиот амбасадор.
ЗАКОНОТ за заштита од заразни болести и ребалансот на Буџетот пред пратениците на 27 октомври.
ЗАЕВ, Димитров и Османи на онлајн средба сo Борел: Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот.
ШАХПАСКА: Унапредување на правата на лицата со попреченост и нивна поуспешна социјална инклузија е наш приоритет.
Д-Р СТЕВАНОВИЌ: Ние здравствените работници мораме да издржиме – граѓаните мора да ни помогнат со почитување на мерките.
МИНИСТЕРКАТА Шекеринска денеска и утре на онлајн состанок на министри за одбрана на НАТО.
БИБЛИОТЕКАТА „Борка Талески“ од Прилеп бележи 75 години успешно постоење.
БРАНЃОЛИЦА: Потребно ни е наследството на операта, преплавени сме од звуци на комерцијалност.
САНКЦИОНИРАНИ 272 возачи во Скопје, од кои 63 за пречекорена брзина.
KАЗНИ за 899 лица за неносење маски.
ЗАПЛЕНЕТИ пиштоли во Сингелиќ, приведени две лица.
ЗА една недела во Скопје отстранети 303 возила паркирани на јавни површини.
УМЕРЕН земјотрес регистриран во близина на Закинтос.
ВО Словенија повеќе од 1.600 новозаразени од Ковид-19.
РИМ воведува полициски час поради пандемијата.
ВО Чешка рекорден број на новозаболени луѓе со Ковид-19.
ТРОЈЦАТА космонаути од Меѓународната вселенска станица безбедно се вратија на Земјата.
СЛИКА на Бенкси продадена за скоро 10 милиони долари.