ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Рама му порача на Мета да „не го пика носот каде не треба“

October 28, 2020 18:09
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Досегашната редовна преписка, преполна со обвинувања и навреди, преку социјалните мрежи, околу изборниот законик, шефот на албанската држава и премиерот, сега ја заменија со епидемиолошката состојба со Ковид – 19.

Веднаш по писмото на претседателот Илир Мета упатено до премиерот Еди Рама, министерката за здравство Огерта Манастирлиу и парламентарниот спикер Грамоз Ручи, за преземање мерки против Ковид-19, со цел да се спречи катастрофа преку Твитер му одговори Рама.

Напиша дека Мета нема надлежност и не треба „да го става носот во работата на експертите за управување со состојбата“.

-Илир, немаш ниту една надлежност да се мешаш во работата на експертите во управувањето со состојбата. Како прво, не излегувај од дома без маска, кажи и на твојата партија да не упатува хистерични повици против носењето маска и гледај си ја работата што ја имаш, а што не ја работиш подолго време, му порача Рама на Мета.

Кога наведува твојата партија, Рама асоцира на Движењето за социјалистичка интеграција, чиј лидер беше пред изборот за претседател а актуелен прв човек на партијата е неговата сопруга, Моника Круемади, која апелираше да не се носи маска на отворен простор, по одлуката за задолжително носење.

Што се однесува до загриженоста на претседателот за справување со ситуацијата со приближувањето на зимскиот период, Рама наведува дека експертите се тие што одлучуваат за чекорите што треба да се преземат секој ден врз основа на стратегијата есен-зима.

-Зголемувањето на бројот на новозаразени со Ковид-19 е во рамките на предвидувањата и ние мора, по секоја цена да избегнеме ново затворање а за тоа секој, вие прв, мора да ги почитувате едноставните правила, наведува Рама.

Експресно, со доза на иронија му возратија од кабинетот на Мета, потсетувајќи го дека самиот донесел одлука да биде и министер за Европа и надворешни работи, но не и министер за здравство и социјална заштита.

-Претседателот Мета направи се во рамки на овластувањата што му се дадени со Уставот и законот, за да се спречи ширењето на пандемијата со Ковид-19 и го потсетуваме премиерот кој се уште е на функција, дека тој и самиот јавно му се заблагодари за ова. Претседателот Мета многу трпеливо чека на одговори на сите прашања упатени денес до министерката за здравство и социјална заштита,стои меѓу другото во реакцијата од кабинетот на Мета.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Ученици бараат правда по несреќата во Дака – „Застарени авиони убиваат“

July 22, 2025

Гаши: Локалните избори ќе бидат распишани во првата половина од август

July 22, 2025

Калас: Сите опции се на маса ако Израел не ги исполни ветувањата околу Газа

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk