Утре во Штип на локалните избори ќе гласаат 133 болни и немоќни граѓани, како и осудениците и лицата кои се во геријатриски домови.
Во недела 77 избирачки места ќе отворат во 7 часот наутро, а ќе затварат во 19 часот. До затворањето на гласачките места трае предизборен молк.
Инаку, денеска гласаа заболените од ковид-19 и оние кои се во изолација поради вирусот.
Предвремените локални избори во Штип и Пласница следат откако градоначалникот на Штип, Благој Бочварски од СДСМ, беше именуван за министер за транспорт, додека Исмаил Јахоски од Пласница, стана пратеник на ДУИ во Парламентот.