ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Софија соопшти дека има целосно разбирање од ЕУ, заклучоците блокирани, според Словачка, Чешка и Австрија премногу ѝ се попушта на Бугарија…

December 17, 2020 18:04
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Регистрирани 657 нови случаи на Ковид 19, починати 31 пациент. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.347 тестирања. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 76.251, бројката на оздравени пациенти е 52.413, на починати е 2.225, а бројот на активни случаи изнесува 21.613.

Димитров: Македонскиот пат кон членство во ЕУ е неверојатно брдовит, но упорно мора да се работи на сите отворени прашања.

Јоксимовиќ: Северна Македонија и Албанија се неправедно запрени, тоа е неприфатливо за целиот регион. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Јоксимовиќ говорејќи денеска на пленарната седница на Националниот конвент за ЕУ изјави дека Србија не е „пачја школа“ во процесот на европска интеграција и дека не само што не е подалеку од ЕУ, туку е „суштински поблиску“.

Совет на министри: Бугарија наиде на целосно разбирање од ЕУ за нејзините напори по прашањето за С.Македонија. И премиерот Борисов и канцеларката Меркел се заинтересирани да најдат решение за ова прашање. Напорите на бугарската страна отсекогаш биле и продолжуваат да бидат насочени кон постигнување дијалог и разбирање за решавање на билатералните прашања со Република Северна Македонија, но за оваа цел тоа мора да го посакаат и спроведат двете страни.

ДВ: Меркел разговарала со Борисов и очекува решение „во блиска иднина“. Крихбаум, кој е претседател на парламентарната комисија на Бундестагот за односи со ЕУ, оцени дека јавноста уште еднаш била сведок на злоупотребата на правата на земјите-членки во рамките на ЕУ.

Поништено гласањето на едно избирачко местo во Штип. Членовите на Комисијата ги преброаја гласачките ливчиња и утврдија дека навистина има едно ливче повеќе. ОИК и ИО ја утврдиле фактичката состојба.

Петров: Македонија ќе стане нова атрактивна дестинација за дигитални номади.  Во моментов некои од најатрактивните локации за дигитални номади се Естонија, Тајланд Кипар, Норвешка, Португалија, Британија.

Сугарески: Министерството за транспорт и врски има убедливо најмногу проекти од било кога, сè друго што се кажува се приказни за мали деца.

Христоски демантира: Немаше никакви „клоци” и „шамари”, имаше вербална расправија.  Ова е реакцијата на крушевскиот градоначалник Томе Христоски и е соопштено преку службата за односи со јавноста на локалната самоуправа, за наводните објави дека градоначалникот физички нападнал активист и член на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево.

Станковиќ: „Правосудство“ е глас на обесправените, односно глас кој треба да зборува за потреба од вистинска правда. Порталот „Правосудство“ е еден од ретките портали во Македонија кој се специјализира за следење на работата на правосудството во државата, а деновиве одбележа три години од неговото постоење.

РСЕ: Словачка, Чешка и Австрија – премногу ѝ се попушта на Бугарија, блокирани заклучоците на ЕУ. За потстетување, во усогласениот текст се наведува дека треба да се избегнуваат „изјави и работи кои негативно ќе влијаат на добрососедските односи и мирното решавањето на споровите“.

Посадени 20 дрвца донација од Фондот на Холокаустот на Евреите во Република Северна Македонија. Садењето дрва означува и вечност и е опишано во Талмудот. „Еден човек садел дрво. Случаен минувач го прашал: Колку време ќе треба за да ги уживаш плодовите од дрвото? Човекот кој го садел дрвотот одговорил: 70 години. Минувачот зачудено запрашал: Зарем мислиш дека ќе живееш толу долго? На ова човекот одговорил: Најдов многу дрвја кои моите претци ги засадиле за мене, јас садам за моите деца!“

И.Т.З.

Next Post

Радован Павловски – добитник на Повелбата „Блаже Конески“ за 2020

НАЈНОВО

Фото: МИА

Љупка Цветанова добитничка на првата награда на вториот Меѓународен фестивал на сатирата „Џинот“

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025

До 13 часот излезеноста 19,96 проценти, за Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk