ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пелагониските сточари со посебни марки и грижа за стоката во студени јануарски денови

January 4, 2021 13:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

 Пелагониските сточари препорачуваат во зимските месеци вниманието кон животните да не се намалува, а најважен услов за добивање на повеќе и поквалитетно млеко соодветно на расата е исхраната на кравите во зимскиот период од годината.

Агро експерти потсетуваат дека сточната храна треба да содржи протеини, јаглени хидрати, масти и богата со витамини, минерални материи, односно да биде застапена фуражна храна, сено, слама, плева или растителни остатоци од пченка.

-Месец јануари е време со променливи дневни температури, чесно ниски и затоа треба да се внимава на квалитетот на храната за стоката. Пожелно е храната да биде претходно обработена исечкана или меласирана, кога е во мала количина, сеното се дава наутро и на пладне. Во зима кравите се напојуваат онолку пати колку пати што се хранат, па ако не им е осигурен постојан пристап до вода, или водата е замрзната, треба да се усогласат со условите. Остатоците од храна во јаслите треба да се чистат пред секое следно хранење на кравите, за да се избегнат гниењето и ферментацијата, посочуваат пелагониски сточари.

Во голем дел од фармите во рамничарските подрачја, почетокот на годината се совпаѓа со периодот на јагнење. Затоа, советуваат сточарите, треба да се посвети сериозно внимание на исхраната на приплодните овци во текот на овој период на годината.

–Храната за овците во овој период треба да биде таква што ќе обезбеди повеќе компоненти, односно концентрирана сточна храна со трици или мешавина со пченка, потоа ливадско сено, луцеркино сено, сточна репа и слама. Во месец јануари започнува и окозувањето на козите, нагласуваат битолски сточари на почетокот од месецов.

 

/МИА/
Next Post

Објавен списокот на фирми што зеле државна помош, а не исплатиле плати за ноември

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 19 општини, СДСМ во 4, ВРЕДИ во 4, НАИ во 2 и Унија на Роми во 1

November 2, 2025

ДИК: Од обработени 59,93 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски – 62,65%, Амар Мециновиќ 32,16%

November 2, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk