Здружението на граѓани ОБНОВА ГЛОБАЛ Струмица, ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица и здруженија, државни институции и органи и единици на локалната самоуптава, да соглсно своите материјални и финансиски можности, донираат во санирањето на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ „Глобал“ Струмица кој беше опожарен.
Оттаму порачуваат дека паричните средства ќе бидат наменети за што поскоро пуштање во употреба на ГТЦ „Глобал“ Струмица, а со тоа и овозможување на повторна егзистенција на стотици граѓани од Струмица и околните општини.
Жиро сметка за уплата на донацијата:
ХАЛК Банка: 270074779880184