ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Ванковска му се извини на Фрчкоски за клевети поврзани со докторатот, над 74.000 заинтересирани за анти-ковид вакцинација…

February 16, 2021 17:59
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев за замерките на ВМРО-ДПМНЕ: Сакаат да водат љубов, а да не се прегрнат. Уставот на крајот на денот е Република Северна Македонија и апелирам да дадат поддршка, да не се бараат изговори, затоа што кога поднесувате законско решение не е само договорот од Преспа туку постои и Уставот, а тој вели дека нашата земја е Република Северна Македонија“, рече Заев.

Бескаматни кредити, субвенции за плати, бришење на камати од долгови, дел од петтиот пакет мерки на Владата (ВИДЕО). Петтиот пакет содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди денари или околу 160 милиони евра, известуваат владините служби.

Ристовска: Мијалков ги дал насоките за ништење на системите за прислушување во УБК. Ништењето на опремата на УБК се извршувало на два наврати во 2015 година. Активностите за ништење на ова опрема започнуваат на почетокот на 2015 година. Сведокот Сашо Трајковски, појасни пред Суд дел од разговорот со Горан Грујоски „уште да го спакуваме системот со документи и ќе го ништим”. Така и се случило, рече обвинителката Ристовска.

Разрешена врховната судијка Лидија Неделкова, според неа ова е одлука да „не пречи“ во судството. Очигледна е една политичка, лична комбинација на тоа да бидам разрешена и едноставно да не пречам веќе во судството, изјави Неделкова откако на седницата на Судскиот совет беше презентиран предлог за нејзино разрешување.

МАНУ: Се шират многу нови варијанти на Ковид-19 увезени од странство. Инаку во неделниот извештај, ИЈЗ јави дека за 5,3 проценти е зголемен бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19 оваа недела, во споредба со претходната.

Регистрирани 358 нови случаи на Ковид 19, оздравеле 341, а починати пет лицa.  Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.456, бројката на оздравени пациенти е 88.301, на починати е 3.003, а бројот на активни случаи изнесува 6.152, информираа од МЗ.

Над 50 илјади граѓани се пријавиле за вакцинирање преку онлајн апликацијата, а 23.808 преку матичните лекари. Вакцинацијата против Ковид-19 во државава почнува утре во 10 часот во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Прв ќе се вакцинира медицинскиот персонал кој работи на Инфективна клиника.

 Бесими: Компаниите кои ќе инвестираат во развој, нема да ги враќаат средствата од финансиската поддршка за плати. Како критериум за доделување на мерката ќе биде економснкиот резултат, односно падот на приходите во ноември и декември 2020 и јануари 2021 во однос на ноември и декември 2019 и јанаури 2020 година.
Ванковска му се извинува на Фрчкоски за изнесените клевети дека паднал на одбраната на својот докторат. Денес по писмен пат добив Барање од Љубомир Данаилов Фрчкоски за јавно извинување и повлекување на објавен Фејсбук пост. Според него, во постот од 7 јануари 2021 година сум изнела невистинита содржина со која му се повредуваат угледот, честа и достоинството. Посочениот ФБ пост е сосема избришан, а со овој нов ФБ пост јавно му се извинувам на Данаилов Фрчкоски за делот во кој сум напишала дека паднал на одбраната на својот докторат во 1989 година во Љубљана., пишува Ванковска.
Со нов закон ќе се основа Академија за јавни финансии. Министерството за финансии подготвува предлог-закон за основање на Академија за јавни финансии, која што би функционирала како организациона единица во состав на Министерството, а би служела за спроведување обуки од областа на јавните финансии и обуки и испити во рамки на програмите за издавање лиценци за овластени службеници и професии од областа на јавните финансии, пренесува Мета.мк.
И. Т. З. 
Next Post

Ковид-19: Словачка е земја со најголем број смртни случаи на 100.000 жители

Shortcut

Најново

Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk