„Се чувствувам одлично. Самото аплицирање на вакцината е безболно и можам да препорачам сите да ја примат вакцината, затоа што ова е единствен начин да се заштитиме од оваа инфекција со која цел свет се бори.“, истакна првата вакцинирана примариус доктор инфектолог Добринка Наунова Јовановска, на денешната прес-конференција.
Таа додаде дека после 21 ден ќе ја примам и втората доза и тоа е веќе закажано и нагласи дека за две до три недели се добиваат заштитни тела и се стекнува имунитет.

„Ќе се чувствувам посигурна во случај ако дојдам во контакт со некој инфициран и многу полесно ќе се справам со инфекцијата. За мене ќе биде тоа една голема сигурност со тоа што сум примила вакцина и ќе бидам веројатно заштитена многу повеќе од оние што не примиле вакцини.“, рече примариус Јовановска
Примариус доктор инфектолог Добринка Наунова Јовановска и главна сестра на Инфективна клиника Габриела Темелковска, се првите здравствени работници кои денеска ја примија вакцината против Ковид-19.
Ј. Ѓорѓиоски




