Доколку во училиштето дел од колективот не разговара меѓусебно, таму нема атмосфера за учење, а половина од училиштата се во таква ситуација. Со новиот концепт, ако не соработуваат не може да стигнат до предавање или до испитување, што значи полека ги насочуваме на соработка. Соработката ќе биде важна за напредувањето во кариерата, а таа ќе донесе и посериозно и поквалитетно имплементирање на концепцијата за образование.“- изјави министерката за образование, Мила Царовска, во „Топ тема“ на телевизија Телма.
Таа нaпомена дека во тек е изборот на наставници – ментори, а потоа ќе се изберат и наставници – советници, како највисоко ниво во кариерното напредување.
„Директорот ќе го следи процесот како се имплемнтира, но колективот постојано ќе биде поттикнуван, како сега што сум јас со директорите во комуниакција, така и со наставниците ќе бидеме во постајана комуникација. Сега сме во процес за поставување систем на ментори, во 2006 година е замислено ова со менторите, но никогаш не е исполнето и ние сме решени тоа да го средиме, Најдобрите да се истакнат, најдобрите да се платат за тоа…. 240 ментори веќе поминаа филтер, сега ќе следиме часови на тие кандидати, и до јуни ќе имаме ментори“, објасни Царовска.
Во однос на начинот на следење на настава, Царовска рече дека останува моделот од октомври.
„Второто полугодие ќе биде како и првото. Остануваме на истиот став за онлајн настава“, изјави вечерва министерката за обрзование, Мила Царовска, за емисијата „Топ тема“.
Со физичко активно присуство во последниот извештај, што е многу помалку од крајот на првото полугодие, рече таа одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се размислува за нови мерки во училиштата со оглед на зголемениот број случаи со Ковид-19.
„Сите протколи се спроведуваат. Немаме интерно ширење на болеста, така што стабилно е“, изјави Царовска.
Според неа, протоколите за матурата ќе бидат усогласени со Комисијата за заразни болести и матурскиот одбор, која што секако ќе се одвива на помалку ученици.




