Д-р Глорија Гашпар вработена во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина-„13 Ноември” Скопје, а од 01.03.2019 е специјализант на УК за Неврологија-Скопје.
„Работата со најранливата категорија на пациенти на кои им е потребно мултидисциплиниран пристап на лекување посебна палијативна нега ми беше предизвик да станам иден специјалист невролог за кој како доктор примарно ми беше најважно како физичкото така и менталното здравје.
Како иден невролог сум дирекно вклучена во клиничките истражувања и тестирања и на пациенти со компликации од Ковид 19.
Изминатава година беше тешка за сите кои сме дирекно вклучени за борба за живот од овој вирус кој не бира ни по име ни нација ни статусот кој го имате во општеството.
Заедно со нашите пациенти ги преживуваме и тажните и среќните моменти кои за среќа повеќе се успешни приказни на излекувани пациенти.
И покрај континуираниот стрес кој е секојдневен, со симптоми на изнемоштеност и дефокусираност секојдневно ги меморирав позитивните моменти од работниот ден.
Секогаш кога ќе си одев по патот накај дома го правев билансот на оздравени пациенти, и подобрена состојба на пациенти со компликации од Ковид 19 за кои јас го давав својот максимум. Психолошката подршка
во ваква ситуација во која сме сите инволвирани е многу битна како за пациентите и нивната фамилија така и за нас како лекари.
Благодарам на ЈЗУ Специјализирана болница за Геријатриска и Палијативна медицина „13 Ноември” – Скопје за оваа специјализација.
Секако благодарна сум на постојаниот надзор и подршка од моите ментори специјалисти по Неврологија каде со гордост можам да кажам дека сум дел од тим на високо стручен кадар од специјалисти и медицински персонал, со високо организиран систем на работа.“, вели др. Гашпар во објавата од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина-„13 Ноември” Скопје.





