ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Распишан е нов јавен повик за реконструкција на 35 локални улици во 21 општина со вредност од околку 7 милиони евра

March 15, 2021 14:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за транспорт и врски го објави вториот јавен повик за реконструкција на локални улици и патишта во рамки на проектот  “Поврзување со локални патишта”. Со овој јавен повик опфатени се вкупно 35 локални улици во 21 општина и Град Скопје со вкупна должина од 35,5 километри и вредност од околу 7 милиони евра, истакна на денешната прес конференција министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

 

Во рамки на овој јавен повик опфатена е реконструкција на локални патишта во избрани општини согласно изработени основни проекти, доставени до Министерството за транспорт и врски, а одобрени од Светска банка.  Рокот за доставување на понуди е 8 Април 2021 година

 

“Ова е еден од најзначајните проекти со вкупна вредност од 70 милиони евра што го реализираме преку Министерството за транспорт и врски, а кој се однесува на реконструкција и санација на локалните улици и патишта во општините во Република Северна Македонија.  Во оваа втора фаза опфатени се локални  улици и патишта во 21 општина и Градот Скопје, кои до Министерството за транспорт и врски доставија комплетна техничка документација. Тоа што сакам да потенцирам, пред извесен период ги склучивме договорите од првата фаза или тендер 1 во рамки на овој ист проект и кон крајот на овој месец започнуваме со реконструкција на 27 улици во 17 општини за што инвестираме 4,4 милиони евра.

 

Министерот Бочварски потенцираше дека во двете фази заедно опфатени се вкупно 62 локални улици, или инвестиција од преку 11 милиони евра.

 

“ Веќе работиме и на тендер 3 од овој проект, прибираме проекти од општините, заеднички работиме на нивно усогласување согласно правилата на Светска банка.  Во однос на распределените средства веќе информиравме дека висината на распределните средства е различна за секоја општина и е утврдена согласно методологија воспоставена заедно со Светска банка. Како критериуми земени се бројот на население, бројот на населени места во општината, површина на општината и бројот на регистрирани моторни возила во општината” истакна министерот Бочварски.

 

Тој додаде дека овој проект е од голема важност за општините, бидејќи општините добиваат неповратни средства за реконструкција на локални улици и патишта кои се приоритетни за граѓаните и ги повика општините навремено да доставуваат готови проекти.

Next Post

Дигиталните пасоши се фокусирани на слободното движење внатре во ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

„6-7” прогласено за „Збор на годината“ – иако не е ниту збор

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Кралот Чарлс го протерува Ендру од Виндзор

November 2, 2025

До 11 часот гласале 10, 1 проценти од гласачите на вториот круг од локалните избори

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk