Епидемиологот Драган Даниловски во емисијата 24 Анализа истакна дека сплет на околности е што нема вакцини и дека основен проблем е што на некој начин ние како т.н. „сиромашни земји“ премногу верувавме дека принципот на праведноста и солидарност ќе проработи во светот, особено кај богатите земји.
„Видовме дека она што беше планирано со Ковакс-механизмот, пропадна, ѝм недостасуваа пари за вакцини. Одбиваа руски и кинески вакцини, не ги одобруваа. Од трета страна оние што беа богати ги грабнаа сите количини и сега имаат толку дози да можат луѓето по шест пати да се вакцинираат.“ – рече Даниловски.
Даниловски рече дека дел од земјите се обезбедиле и со ревакцинација, а ние се потпиравме на солидарност со соседите и со директна набавка и со директната набавка испадна дека кусокот на вакцини си го направи своето. Тоа беше еден сет на објективни фактори кое си го стори своето.




