Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска во Тирана се сретна со претседателката на Социјалистичкото движење за интеграција Моника Криемади.
Во фокусот на разговорот биле соработката меѓу двете држави и пописот на населението во Северна Македонија.
Од Кабинетот на вицепремиерот Груби информираа дека тој побарал од Криемади преку структурите на нејзината партија да ја повика дијаспората на Северна Македонија да се попише на пописот што започна на 1 март.
Двајцата соговорници се согласиле дека сега е време целата дијаспора од Северна Македонија да ја исполни својата должност и да придонесе за, како што се вели во соопштението, доброто на сите граѓани не само во Северна Македонија, туку и на целиот регион.
извор: МИА