„Важно е да се знае колку Македонци живеат надвор од државата, затоа треба што помасовно да се попишат нашинците”, вели претседателот на Обединета македонска дијаспора Мето Колоски за МКД.мк.
Колоски вели дека треба и во Македонија Македонците да не го бојкотираат пописот. Тој ги повика и оние 100 илјади граѓани кои ставија потпис за бојкот и поништување на Законот за попис, сепак да ги дадат своите податоци на попишувачите.
„Немаме интерес од неуспешен попис во Македонија. Немаме интерес ниту пописот да даде нереално мал број на Македонци во дијаспората, зашто таа бројка е навистина голема”, нагласува Колоски.