ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Државните секретари во МВР на С Македонија и на Словенија, на средба со Спасовски

April 13, 2021 15:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на унапредување на меѓународната билатерална соработка, државната секретарка на МВР Магдалена Несторовска денеска беше домаќин на државниот секретар на МВР на Република Словенија Франц Канглер, при што остварија средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На средбата, соопштија од МВР,  била потенцирана досегашната успешна соработка меѓу двете земји во областа на евроинтеграциите, што се заснова на меѓусебно почитување и искрено пријателство.

Министерот Спасовски упатил благодарност за досегашната континуирана и безрезервна поддршка што Република Словенија ѝ ја дава на Република Северна Македонија во процесот на  евроатланската интеграција.

– Министерот Спасовски пред словенечкиот гостин ја образложи и потребата за склучување Имплементациски договор на основа на Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа за воспоставување заеднички контакт центри за размена на информации меѓу договорните страни на Конвенцијата, чија цел е размена на информации меѓу Заедничките контакт-центри кои играат важна улога за зајакнување на прекуграничната соработка и придонесуваат кон борбата против прекуграничниот криминал и тероризам, се наведува во соопштението од МВР.

Државните секретари, во рамки на работниот состанок разговарале во насока на успешно справување со миграциската криза, борбата против трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, како и за потребата од склучување на засебен Протокол за соработка на Комисиите во областа на трговија со луѓе.

– Се дискутираше за потребата од соработка во областа на заедничките обуки меѓу државите и размена на искуства во областа на воздухопловството. Од страна на словенечкиот државен скретар Канглер беа презентирани приоритетите на словенечкото претседавање со Советот на ЕУ, активностите кои произлегуваат во рамките на Брдо Процесот, како и апсолутната словенечка поддршка на Република Северна Македонија кон полноправното членство во ЕУ, стои во соопштението.

Покрај средбите во МВР, државниот секретар на МВР на Република Словенија, во придружба со директорот на Бирото за јавна безбедност на МВР Сашо Тасевски го посетил граничниот премин „Богородица“ во Гевгелија, како и групата од 54. Контингент на словенечките полициски службеници, кои вршат заеднички операции за засилен надзор и контрола на јужната државна граница кон Република Грција, со цел спречување на илегалната миграција.

извор: МИА

Next Post
Извор: ТВ Телма

Жителите на Ново Маало во одбрана на проектот спроти Холидеј ин, сметаат дека ќе ги реши нивните проблеми, инвеститорот за утре најави јавна презентација

НАЈНОВО

До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот

Нетанјаху: Ќе бидат уништени и двете преостанати упоришта на Хамас во Газа – во Рафа и Кан Јунис

November 2, 2025

ЗНМ: Новинарите нема да замолчат пред насилниците, јавноста има право да знае

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk