ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Тетовци жедни и со два водовода

May 16, 2021 16:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изминативе неколку месеци тетовци во неколку наврати се соочија со старите маки, недостиг од вода за пиење. Но, овој пат во време на пандемија, кога водата е повеќе од потребна за одржување на лична хигиена и заштита од ширење на заразата.

Состојбата со водоснабдувањето се стабилизира пред десетина дена. Сега во градот како што кажуваат од Јавното комунално претпријатие Тетово, има и вишок вода и тоа само од стариот водовод.

„Сега градот се снабдува со доволно количини вода. Сме го вклучиле само стариот водoвод кој зема вода од Шарските извори кои се доволни. Затоа и одлучивме воопшто да не го вклучуваме новиот водовод. Сега состојбата се стабилизира, затоа што имаме потопло време, односно се топи снегот, а имавме и врнежи , а со тоа се наполнија изворите. Претходно имавме големи студови на Шара, така што водата се задржуваше во самите кладенци, а новиот водовод не можевме да го користиме постојано, затоа што таму се случуваа постојани дефекти“, изјави за Фронтлајн Љулзим Шаќири раководител на Секција водовод и канализација при ЈКП Тетово.

За новиот водовод се потрошија милионски суми, но ретко се користи

И со два водовода, проблемот со водоснабдувањето во Тетово и натаму е присутен. Од стариот водовод или нема доволно вода ако има сушни периоди или како што образложуваат од ЈКП Тетово поради студот дел од изворите се замрзнати.

Фотографија од главниот цевковод на новиот тетовски водовод, оштетен поради ерозивните процеси на Шар Планина, февруари, 2021 (фото: ЈКП Тетово)

Кај новиот водовод, пак, иако пуштен во употреба пред неколку години, се случуваат постојано дефекти како и изминативе неколку месеци, поради кои тетовци останаа жедни и покрај два водовода.

Во неколку наврати во градот под Шара имаше по десет часовни рестрикции, откако главниот цевковод пукна на повеќе места. Општинските власти се правдаа дека поради ерозивните процеси на земјата на Шарпланинскиот масив, цевките пукаат, а имало лизгање на земјата и поради неколку земјотреси, кои беа почувствувани во Западна Македонија.

Од еколошките организации реагираат и велат дека ваквите оправдувања се смешни и причината за нефункционирањето на новиот водовод треба да се бараат во изградбата на истиот, но и во изградбата на хидроцентралите во тој предел на Шара.

Нгадњим Мемети, Еко герила

„При изградбата на хидроцентралите имаше дури и став од Инспекторатот за животна средина поточно од Ана Петровска дека истите може да влијаат на недостиг од вода за пиење за град Тетово. Самите хидроцентрали го прават и теренот каде што е новиот водовод нестабилен, но тоа никој не гозеде во предвид. Сметаме дека треба да се изврши и ревизија на изградбата на новиот водовод. Како е можно за само неколку месеци да се појавуваат толку дефекти на нов инфраструктурен проект“, изјави Нгадњим Мемети од Еко Герила за Фротнлајн.

Наспроти тврдењата на еколошките организации, властите негираат дека хидроцентралите се причина поради кои Тетово има недостиг на вода.

„Хидроцентралите немаат влијание на новиот водовод. Кај новиот водовод се појавуваат дефекти затоа што се работи за цевковод кој е изграден на стрмен терен и се појавуваат свлечишта на земја. Што се однесува до ревизија на изградбата на новиот водовод, јас сум постојано во контакт со вработените на ЈКП Тетово, кои ме информираат за состојбата на истиот и тие исто ми кажуваат дека се работи за лизгање на земјата при што цевководот не може да ги издржи овие процеси“, изјави градоначалничката на Тетово Теута Арифи на прес конференција, минатиот месец.

Засега нема најави дали ќе се преземат мерки за заштита на новиот водовод, од кој сите очекувавме дека ќе се реши проблемот со водоснабдувањето.

Тетовци и натаму очигледно ќе пијат вода од „стариот бунар“ односно стариот водовод, кој во одредени период од годината не ги задоволува потребите на граѓаните, односно неговиот капацитет се намалува и под 150 литри вода во секунда, што е малку за град и до 100.000 жители.

Барем за периодот што следи е сигурно дека тетовци ќе имаат доволно вода за пиење поради солидните климатски услови. Со врнежите и топењето на снегот се наполнија Шарските кладенци од кои стариот водоводен систем се снабдува со вода, која ја има во изобилство па како што велат од ЈКП Тетово, дел од водата и мора да ја испуштаат заради безбедност, односно да не дојде до пукање на дотраената градска водоводна мрежа стара еден век, за која засега нема најави за нејзина реконструкција, која исто така е еден од главните проблеми за рестрикциите на водата за пиење поради губитокот на вода од оваа мрежа.

Зоран Димовски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

Шукова: Скопје мора да се врати на скопјани – ова не е само кампања, ова е враќање на духот на градот

July 19, 2025

Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk