Во Годишниот извештај на Државната агенција „Разузнавање“ на Бугарија за нејзините активности во изминатата 2020 година се информира за влошување на глобалната економска состојба поради постојаната пандемија со Ковид-19 и создаде предуслови за зајакнување на прекуграничниот организиран криминал.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според бугарскиот контраразузнавачки документ, зачувана е тенденцијата за користење канали за нелегален сообраќај преку територијата на Бугарија. Како што објави Бугарското Национално Радио(БНР), продолжува „активната дејност на разузнавачките служби на странски држави со други интереси освен оние на Бугарија и оние на НАТО и ЕУ“, повикувајќи се на Државната агенција за разузнавање на Бугарија.
Во годишниот извештај за активностите на другата специјална служба – Државната агенција за национална безбедност ( ДАНС ), за 2020 година се наведува „дека акциите на странските специјални служби се интензивираат како дел од сеопфатниот напор за маргинализирање на бугарските позиции во областа на надворешна политика. Со одбрана на националните интереси на Бугарија во смисла на елемент за градење држава, како што е јазикот, како и во однос на историјата и културата на земјата“.
Бугарскиот премиер, Стефан Јанев, подоцна денеска ќе се сретне со шефовите на бугарските специјални служби, а министерот за внатрешни работи Бојко Рашков вчера изјави дека не може да работи со нив.