„Смешен е проблемот со Бугарија. Тие кажуваат дека ја прифаќаат реалноста за македонскиот идентитет и јазик, но бараат да ги видат корењата. Со Бојко Борисов кога сум разговарал и ќе ме праша како го сфаќате вие тоа со корењата јас одговарам ‘по науката сите сме настани од мајмуните, а по религијата сите сме од Адам и Ева и како тоа само Македонците да се од Бугарите или обратно во цел свет?’“ кажа премиерот Заев.
Државниот инспекторат за животна средина итно направи увид во кругот на поранешна Топилница во Велес откако по силна експлозија на 19-ти мај избувна пожар. Увид на терен направија и инспектори од СВР Велес и констатирано е дека пожарот избувнал во текот на сечење метал од постројка за филтрирање. За да се спречи можна хаварија, Државен инспектор за животна средина вчера изрече усна забрана за работа на ЗД Отпад Охрид, компанија која е ангажирана од Метрудхем да го отстрани отпадниот метал од локацијата.
Министерството за одбрана денеска објави Јавен оглас за прием на нови 100 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија. Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, вклучувајки го и денот на објава.
Донација од 72.000 брзи антигенски ковид тестови во вредност од 298 илјади евра, наменети за јавните здравствени установи и ковид центри во земјава, денеска му предаде германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн на министерот за здравство Венко Филипче.
Организирана мала мала мала спин фејсбук група на клукајдрвци, како што јавуваат нашите извори од АХА, ги испразниле сите резерви од пелени и марамчиња ширум Македонија. Имено, тоа следело откако утрово Судот не го прифати предлогот на Обвинителството, за пуштање на Милајков од притвор. Разочараните навиени клукајдрвци, како што јавуваат нашите инсајдери, бидејќи им секнале причините за вербални какафонии по социјалните мрежи, не можејќи да се воздржат, преминале на дело, пишува РИБАРО.
М. Миткоска