Од Дирекцијата за заштита и спасување Тетово информираат дека во текот на еден месец добиваат по десетина пријави за неексплодирани направи.
„Јас ги охрабрувам граѓаните да пријавуваат. Со самата пријава нема да имаат никакви последици правни, се работи за безбедноста на нашето подрачје“, вели Арифи Арифи раководител на Дирекцијата за заштита и спасување
Денеска во Тетово беше делен информативен материјал, кој во себе содржи информации како граѓаните да постапат, ако наидат или забележат неексплодирана направа.
Акцијата се спроведува во рамки на проектот Наука за мир и безбеднот спонзорирана од НАТО.
З. Димовски