Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вечерва за Телевизија 24 изјави дека доколку вработените по Рамковен договор кои се распоредени во оваа институција не покажат резултати во работењето, тогаш ќе мора да се збогуваат со нив.
Според првичните информации што пристигнаа Европската Комисија се заложила да мобилизира дополнителни сто милиони тестови за овие сертификати, главно за лицата кои патуваат често, додека земјите членки на ЕУ се заложиле да спречат дополнителни рестрикции како карантин и изолација, освен ако се пропорционални.
Бугарија останува отворена за прагматичен и отворен дијалог со Република Северна Македонија, којшто ќе ја обнови довербата меѓу двете држави и ќе ја активира билатералната соработка во сите сфери од заемен интерес. Оваа порака ја соопштил денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов на средбата со шефот на македонската дипломатија Бухар Османи, соопшти бугарското МНР.
Работната група за измени на Изборниот законик на кој присуствуваа претставници на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Алтернатива, Левица, ВМРО-Народна партија, ЛДП, ДОМ, Демократски Сојуз, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево, во организација на Министерството за правда, одржаа состанок во Клубот на пратеници.
Проектот „Сега” ја зема предвид состојбата на итност за промени во општеството и открива два аспекта на просторно-временското суштествување – потребата од издвојување и заштита наспроти потребата за симбиотска релација со околината. Концептот е дрвена композиција составена од дрвени елементи меѓусебно поврзани во една единствена хармонична просторна структура, архетипизирана рамка, асоцијација на куќа, дом и засолниште.