ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петар Тодоров: Историјата треба да поттикнува критичко мислење кај децата, сите сме сложни дека промените во образованието се неопходни

May 24, 2021 20:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Историјата која се изучува во основно и средно образование треба да развива критичко мислење кај децата, но во моментов таа улога историјата ја нема. Во моментов имаме развивање на силни политички митови во историјата, злоупотреба на историјата и историско образование кое поттикнува конфликти внатре во нашето општество помеѓу различни етникуми Македонци – Албанци, Албанци – Срби, Албанци – Турци, Македонци – Турци… Ромите воопшто ги нема во учебниците по историја, замислите како се чувствува еден припадник на ромската заедница во Република Северна Македонија, кога тие како воопшто да не постојат во земјата. Тоа мора да се промени и сите сме сложни дека неопходна е реформа за да имаме современо образование кое ќе развива критичко мислење и нема да иницира поделби.

Ова го истакна Петар Тодоров,  историчар од Институтот за национална историја и член на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања за време на вечерашното гостување во дневникот на ТВ Сител.

На прашањето кој е неговиот став по однос на новите наставни програми по историја за четврто одделение во основното образование чија примена започнува од следната учебна година, професорот рече дека материјата која ќе се изучува не е различна од таа што досега се изучувала.

„Она што ќе се изучува во четврто одделение по историја не е различно од она што претходно се изучувало, во смисла нема митологизирање, злоупотреба и инструментализација на историјата“, рече Тодоров додавајќи дека не се согласува со дебатите кои се одвиваат во општеството, бидејќи често се зборува за бришење на македонскиот идентитет, но, како што рече, ако ги видите наставните програми ќе видите дека не е така.

„Во наставната програма видов дека се учи за сличности и разлики на различните етнички заедници и тие се наброени – Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Срби. Терминологијата граѓани на Република Северна Македонија се користи, затоа што во Уставот кој е изгласан од мнозинството во парламентот тоа е така уредено“, рече Тодоров.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Светски температурен биланс: 49,6 °C во Иран, -74,2 °C на Антарктикот

July 20, 2025
Фото: ФБ/Кире Михаилов

Кумановец, со „молотов коктел“ запалил трева во Средорек

July 20, 2025
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ/ Фотографија: Б. Јордановска

Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Загина мотоциклист на автопатот Табановце-Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk