11 години ВМРО ДПМНЕ како власт крадеше и го задолжуваше народот, денес како опозиција е против парите кај граѓаните, велат од СДСМ. ВМРО ДПМНЕ е партија која и во опозиција се противеше и ја кочеше финансиката поддршка за граѓаните и стопанството и правеше се’ за парите да не стигнат таму каде што се најпотребни.
Можам да кажам дека одеднаш станав многу интересен за сите европски лидери. На ден имам покани да разговарам со најмалку двајца премиери, еден претседател и еден комесар, вели Претседателот на Бугарија Радев. Радев уште рече дека европскиот пат на Република Северна Македонија е преку Софија и дека тоа е патот за решавање на сите проблеми.
Одбележан патрониот ден и 72-годишнината од основањето на УКИМ. Свежо цвеќе, како што соопштија од Универзитетот, положи и делегација на студентите на УКИМ, предводена од Ева Цветковска, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ. На споменикот, во чест на државниот празник „24 Мај“ свежо цвеќе положија високи делегации на државниот врв, дипломатскиот кор и на други општествено-политички организации во државава.
Значителен пад на бројот на новозаразени денес, регистрирани само 7 новозаболени. Како оздравени се пријавени 71 пациент, направени се 1.418 тестирања а починати се 18 лица.
Од 80 македонски општини, грижата за собирање и одведување на урбаните отпадни води што ги создаваат домаќинствата ја споделуваат вкупно 55 јавни комунални претпријатија. Од нив, само 17 од овие даватели на водни услуги ги прочистуваат ваквите отпадни води, со што не вршат загадување на подземните води, реките, езерата и акумулацииите низ земјава.
М. Миткоска