Историјата која се изучува во основно и средно образование треба да развива критичко мислење кај децата, но во моментов таа улога историјата ја нема. Во моментов имаме развивање на силни политички митови во историјата, злоупотреба на историјата и историско образование кое поттикнува конфликти внатре во нашето општество помеѓу различни етникуми Македонци – Албанци, Албанци – Срби, Албанци – Турци, Македонци – Турци… Ромите воопшто ги нема во учебниците по историја, замислите како се чувствува еден припадник на ромската заедница во Република Северна Македонија, кога тие како воопшто да не постојат во земјата. Тоа мора да се промени и сите сме сложни дека неопходна е реформа за да имаме современо образование кое ќе развива критичко мислење и нема да иницира поделби.
Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, пред почетокот на ЕУ самитот во Брисел порача дека присилното слетување на авионот во Минск нема да помине неказнето од страна на ЕУ.
Лицата кои прележале Ковид-19, во Грција ќе бидат вакцинирани само со една доза од вакцината и тоа во период од шест до 12 месеци по заразувањето, соопшти попладнево претседателка на Националната комисија за вакцинација Мариа Теодориду.
Денес, кога го одбележуваме Денот на словенската писменост, се соочуваме со предизвици кои како држава мора да ги надминеме и да го откочиме патот кон европската иднина. Азбуката, јазикот, културата и етничката припадност се вредности што не можат да се спорат со политички договори или спорови, како за луѓето воопшто, но и за државата како целина, a за тоа најдобро сведочи историјата, порача првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во честитката по повод 24 Мај, Ден на Свети Кирил и Методиј.
Денеска пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на производителот „Фајзер” од кои 5850 се преку директни преговори со производителот, а 4680 дози кои ЕУ ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe), објави попладнево на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
На состанокот е разговарано за важноста на политиките на разбирање, со цел напредок на државата на домашен и на меѓународен план. Заеднички е констатирано дека е потребна посветеност од страна на сите политички субјекти во земјава, за ефикасно решавање на прашањата од полза на граѓаните и за функционален Парламент. Оценето е дека концептот „Едно општество“ за сите дава резултати и се изразени заеднички очекувања дека државата ќе продолжи да се развива во тој правец.