ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев-Која: Важни се политиките на разбирање за напредок на домашен и меѓународен план

May 24, 2021 16:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На состанокот е разговарано за важноста на политиките на разбирање, со цел напредок на државата на домашен и на меѓународен план. Заеднички е констатирано дека е потребна посветеност од страна на сите политички субјекти во земјава, за ефикасно решавање на прашањата од полза на граѓаните и за функционален Парламент. Оценето е дека концептот „Едно општество“ за сите дава резултати и се изразени заеднички очекувања дека државата ќе продолжи да се развива во тој правец.

„Водиме инклузивни политики, со цел постигнување разбирање помеѓу етничките заедници во државата и помеѓу власта и опозицијата – за клучните прашања од полза за граѓаните. Фокусирани сме и на функционални добрососедски односи, во европски дух – не само поради нашите аспирации во евроинтеграциите, туку и како одговорна држава којашто сака да придонесува во регионалниот и светскиот мир, посебно како нова членка на НАТО“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, се заблагодари на ОБСЕ за континуираната поддршка на демократските процеси на нашата држава. Во таа насока, премиерот Заев соопшти дека е чест за Република Северна Македонија, што ќе претседава со ОБСЕ во 2023 година, за прв пат откако во 1995 година нашата држава стана членка на ОБСЕ. Тоа, како што оцени премиерот Заев е силна порака и дека нашата држава е дел од интернационалното семејство и најави дека довербата од нашите меѓународни пријатели ќе биде оправдана.

„Имаме искуства во развојот на мултикултурно општество, решавање на билатерални прашања, како што се Договорот од Преспа и Договорот за пријателство и добрососедски односи со Бугарија и ќе продолжиме да придонесуваме во регионалната соработка и светскиот мир“, рече премиерот Заев.

На средбата е посветено внимание и на прашања од областа на изборното законодавство, при што премиерот Заев соопшти дека фокусот е ставен на препораките на ОБСЕ за унапредувања во оваа област. Исто така беше разговарано и за прашања од областа на економијата, екологијата, енергетиката, инвестициите, евроинтеграциите, во насока на натамошната демократизација на државата.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Светски температурен биланс: 49,6 °C во Иран, -74,2 °C на Антарктикот

July 20, 2025
Фото: ФБ/Кире Михаилов

Кумановец, со „молотов коктел“ запалил трева во Средорек

July 20, 2025
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ/ Фотографија: Б. Јордановска

Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Загина мотоциклист на автопатот Табановце-Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk