Нафтената компанија БП ги зголеми своите инвестиции во обновливи извори на енергија во САД со купување соларни проекти од развојната компанија 7Х Енергија за 220 милиони долари, соопштија од БП.
Договорот за откуп на капацитет за производство од девет гигавати претставува прва независна инвестиција на БП во соларна енергија откако купи удел во најголемиот развивач на соларна енергија во Европа, Лајтсурс, во 2017 година.
БП соопшти зделката ќе се ќе се развива преку заедничко вложување со „Лајтсорс БП“.
Стекнатите проекти се распространети низ 12 држави во САД, а најголемиот дел од портфолиото се наоѓа во Тексас и Средниот Запад, соопшти БП.
Во една од најамбициозните стратегии во енергетскиот сектор, БП планира да го намали производството на нафта за 40 проценти и да го зајакне бизнисот со обновлива енергија до 20 пати до 2030 година.




