Нема ниту план Б, ниту алтернатива за ЕУ, самото пристапување кон ЕУ значи европеизација на Северна Македонија, не сакаме да бидеме членки само заради членството во ЕУ, ние сакаме да бидеме членка заради европеизацијата на земјата која ќе се случува низ отворањата и затворањата на поглавјата и да ја донесеме Европа во Северна Македонија, вели премиерот Зоран Заев во интервју за МИА.
Експлицитен говор на омраза на социјалните мрежи кон активистката Видана Бошкова Мицевска, предизвикан од фото-монтажа со која е злоупотребен нејзиниот идентитет и фотографија за пласирање на лажна вест.
Стартува ослободувањето од патарини на српските туристи, бесплатна картичка за секој српски автомобил. Патниците од Србија кои со автомобил доаѓаат во Северна Македонија од полноќ на граничниот премин „Табановце“ ќе добијат картичка со 760 денари за плаќање патарина во двата правци на автопатот „Пријателство“, од „Табановац“ до „Богородица“ – на граница со Грција.
Целосно укинување од утре на полицискиот час и на ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, како и дозвола за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица, се новите препораки кои вчера ги донесе Комисијата за заразни болести и ги прифати Главниот координативен Ковид-19 кризен штаб, а се очекува денеска на својата седница да ги усвои Владата.
Премиерот Зоран Заев вели дека нема штета од посетата на Софија. Тој во изјава за Телма за време на Самитот на НАТО рече дека не очекува многу од посетата на Софија во текот на следната недела поради ситуацијата во Бугарија, но очекува двете страни да бидат мудри.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 66 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на годишниот состанок на Одборот на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ).
Четири компании се добитници на финансиска поддршка во рамки на првиот „Предизвик за дигитализација на земјоделство” што го спроведува ФИТР, во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ). Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжуваат со вистинска грижа за сите граѓани, со директна поддршка за македонската економија, за спас на работните места. За 2.204 угостителски објекти со 11.235 вработени, кои беа затворени со владината одлука за спречување на ширење на Ковид, обезбедени се 5,77 милиони евра, пишува во соопштението на СДСМ.
Научници велат дека мразот што предизвика значителна економска загуба во централниот лозарски регион во Франција оваа година е веројатна последица од климатските промени.
Премиерот Зоран Заев откри дека на маргините на самитот на НАТО се сретна со американскиот претседател, Џозеф Бајден, за кого ова беше прва лидерска средба во Алијансата откако стапи на оваа функција. Заев го поканил Бајден во Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе организира научен собир посветен на Крсте П. Мисирков (1874-1926).
J. Ѓ.