Активностите на Цивил во рамките на изборните процеси е прилично комплексна активност во 3 области, и ги работат 3 тима во меѓусебна комуникација. Мониторингот на ЦИВИЛ мора да биде добро заштитен и сосема независен од било што друго прави ЦИВИЛ. Граѓанската едукација се однесува на правото на глас, поделено и изолирано од мониторингот. Цивил продолжува со мониторингот на изборниот процес. Веќе е во фаза долгорочен мониторинг на изборите. Повеќе од 12 луѓе веќе се активно инволвирани низ целата земја и активно мониторираат, посочи Џабир Дерала од ЦИВИЛ, на конференцијата за изборни реформи.
ДИК, наспроти многу сериозните предизвици, успеа добро да се справи со тие предизвици и да излезе како победник. Во делот на долгорочната работа на организацијата, учествуваме и во изборните реформи, но што се однесува до самите активности на цивил во делот од работната група која ја предводи Министерството за правда, не успеавме само да предложиме туку и ги слушавме сите други учесници во таа група. Но, за нас тоа е многу значајно што ќе каже еден член на ДИК или на политичка партија.
Најголемите меѓународни организации, голем дел од своите констатации анализи и извештаи ги прават врз тоа што домашните експерти го кажуваат. Политичките партии имаат сериозен експертски капацитет но имајте предвид, дека многу сериозен дел што го кажуваат големите институции, се заснова на нашите сознанија, извештаи и комуникацијата со гласачите. Обрнуваме внимание и на вокабуларот, како се држат настаните, како се почитуваат нашите препораки за добри практики во изборите.
На денот на гласањето истрчуваме на терен со 300 мобилни набљудувачи. Секој од нашите набљудувачи покрива 5-15 избирачки места, што значи дека голем дел од нашата земја ќе го покриеме ние. На тој ден имаме и екстра екипи кои ја проверуваат веродостојноста на извештаите на нашите набљудувачи, додаде Дерала на конференцијата за изборни реформи во организација на ЦИВИЛ.
И. Крџиќ / ЦИВИЛ МЕДИА