ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Прашањето за јазикот не е само одбрана на македонскиот туку и на европскиот идентитет и вредностите што ги промовира ЕУ

July 1, 2021 12:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неприкосновено право на секој народ е правото на самоопределување и да го одбере јазикот на кој зборува. Тоа е право на луѓето што живеат тука, а не на друга држава или која било меѓународна организација. А прашањето за јазикот и оваа наша борба не е само одбрана на македонскиот идентитет, туку борба за зачувавање на европскиот идентитет и вредностите што треба да ги предводи ЕУ. Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќањето на Преспа форум дијалогот „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна“ што од денеска се одржува во Охрид.

Димитров пред учесниците на панелот посветен на пристапувањето во ЕУ, насловен: „Патот кон ЕУ: што да очекуваме кога очекуваме?“ посочи дека Северна Македонија успеа да го реши долготрајниот спор за името токму затоа што Грција го призна и прифати правото на граѓаните на самоопределување. Но сега земјата на патот на нејзината евроинтеграција се соочува со проблем што, како што појасни, досега бил третиран како прашање од техничка природа.

Според него, прашањето за јазикот и оваа наша борба не е само одбрана на македонскиот идентитет, туку борба за зачувавање на европскиот идентитет, токму на вредностите за кои ЕУ треба да ги предводи.

– ЕУ не е само економски гигант, туку водечки пример во наративот на вредности. Преку Лисабонскиот договор државите-членки на Унијата се обврзаа да ги штитат и негуваат јазичните и културните различности на контитентот, така што не е европски ние сега да се соочуваме со пречка што досега беше третирана како прашање од техничка природа, рече тој.

Притоа Димитров посочи дека природно е овој дел на Европа да биде дел од ЕУ оттаму што припаѓа тука и географски, економски, историски, политички.

– Бегалската криза и појавата на т.н. „Балканска рута“ беше очигледен пример дека регионот е интегрален дел на европската безбедност и ЕУ. Најголемиот проблем што ЕУ го има по однос регионот денеска е губењето на довербата и вербата на луѓето од Западниот Балкан во декларациите и одлуките што ги носат европските лидери. Станува збор за регион што се наоѓа во дворот, а не на границите на ЕУ, што дава дополнителна тежина на проблемот со кој се соочува Унијата, а чие нерешавање долгорочно како последица ќе значи на силите во регионот што веруваат во европските вредности, рече тој.

Вицепремиерот Димитров е предвидено да има свое обраќање попладне на официјалното отворање на Преспа форумот за дијалог „Патот до Преспа“, како и на пленарната сесија во рамки на собирот во Охрид закажана за утре.

извор: МИА

Next Post

Заев од Охрид: Активностите и грижата за Охридскиот Регион како културен и туристички центар се за да го зачуваме непроценливото богатство верификувано од УНЕСКО за идните генерации

НАЈНОВО

Заврши гласањето во вториот круг од локалните избори

November 2, 2025

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk