ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Договорот од Преспа е глобална порака за дијалог и мир, ехото од Охрид и Преспа ќе одекне силно и далеку низ светот, рамо до рамо сме со светот со иновативна терапија

July 1, 2021 17:54
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заев денеска го прими помошникот генерален секретар на Обединетите Нации (ОН) за политички прашања Мирослав Јенча, кој учествува на Преспа форум дијалог што овие два дена се одржува во Охрид. Обединетите Нации, рече на средбата претседателот на Владата Заев, секогаш беа со нас и ја поддржуваат Република Северна Македонија во сите фази на нејзиниот развој и во процесот на меѓународното признавање и етаблирање на државата во меѓународни рамки и за тоа сме многу благодарни. Договорот од Преспа е глобална порака за дијалог и мир, порачаа тие.

Актуелната владина гарнитура целосно верува во потенцијалот на младите и токму затоа ги вклучуваме во креирањето на сите политики во државата. Едноставно знаењето е кај нив, исто како и креативноста, иновативноста и енергијата. Веруваме во младите, тие се наш клучен партнер во креирањето на државните политики, рече Царовска на Преспа Форумот за Дијалог.

Неприкосновено право на секој народ е правото на самоопределување и да го одбере јазикот на кој зборува. Тоа е право на луѓето што живеат тука, а не на друга држава или која било меѓународна организација. А прашањето за јазикот и оваа наша борба не е само одбрана на македонскиот идентитет, туку борба за зачувавање на европскиот идентитет и вредностите што треба да ги предводи ЕУ. Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќањето на Преспа форум дијалогот.

Сите пациенти со спинална мускулна атрофија кај нас се покриени со терапија. Со последната набавка на лекот, од страна на Министерството за здравство сите пацинети со СМА регистрирани до јуни 2021 година се покриени со терапија, Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на настан, на покана и во организација  на Здружението СТОП СМА. Ние сме рамо до рамо со Европа и светот кога станува збор за иновативна терапија, додава Филипче. Исто така истакна дека од септември ќе биде ставен во функција планот за лекарска нега на затворениците.

Успеавме! Од денеска нашите граѓани можат да комуницираат за 0 денари во роаминг, вели Премиерот. Ова е пораката којашто заедно со селфи ја испративме со Мајлинда Брегу на нашите пријатели во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, и Црна Гора. Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите наши граѓани ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони да зборуваат, да испраќаат пораки и да користат интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци.

Охрид не случајно е избран за место на одржување на овој настан, кој носи двојна симболика. Тука бевме пред 20 години, кога се потпиша историскиот Охридски рамковен договор, кој ги постави темелите и го отвори патот за следните два договора што дојдоа подоцна, Преспанскиот со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија. Ехото од Охрид и Преспа ќе одекне силно и далеку низ светот, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Организаторите на Скопје Прајд со рекапитулација, на случувањата пред, за време и после одржаната втора Парада на гордостра во Скопје. Истакнуваат за успешноста на Парадата, за соработката со институциите, за односот на медиумите и за поддршката од политичките чинители. Успешноста на првиот Прајд не беше инцидент. Не била инцидентна ни добрата соработка со Министерството за внатрешни работи…

М. Миткоска

Next Post

Швајцарија со нова финансиска поддршка за зајакнување на соработката на земјите од Западен Балкан

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер и Оже – Алијасим во финалето на мастерсот во Париз

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

November 1, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk