ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

РСС: Роамингот на Западен Балкан од 1 јули не се наплаќа, операторите и националните регулатори да се придржуваат до договорот

July 3, 2021 16:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Регионалниот совет за соработка (РСС) предупредува дека Регионалниот договор за роаминг на Западен Балкан е јасен и дека трошоците за роаминг од 1 јули годинава треба да бидат 0, односно да нема трошоци за роаминг.

-Загрижени граѓани постојано ни јавуваат и велат дека одделни оператори не ги известуваат за тоа дека од 1 јули 2021 повеќе нема трошоци за роаминг, дека пораките се неодредени и комплицирани, а особено оние врзани за користење на мобилни податоци, односно интернет. Ги повикуваме телеком операторите и националните регулаторни тела да обезбедат адекватни известувања, како и примена на договорот. Покрај тоа, граѓаните се советуваат за дополнителни информации да ги контактираат своите оператори, велат од РСС.

Во Регионалниот договор за намалување на цените на роамингот, нагласуваат, јасно се наведува дека од  јули давателите на услуги за роаминг во регионот на Западен Балкан нема да наплатуваат никаков дополнителен надомест на домашната малопродажна цена на корисниците на роаминг во регионот на Западен Балкан за регулирани повици во роаминг, појдовни или дојдовни, за сите регулирани СМС пораки кои се праќаат во роаминг и регулирани услуги на пренос на податоци во роаминг, вклучувајќи и ММС пораки, како ниту општ надомест за користење на терминалната опрема или услуги во странство.

РСС во исто време наведува дека во соработка со националните регулаторни тела подготвиле список на најчесто поставувани прашања кои може да ги имаат граѓаните, а кои се поврзани со бесплатниот роаминг на Западен Балкан и тие прашања и појаснувањата и на македонски, можат да се прочитаат на следниот линк: https://www.rcc.int/docs/583/answers-to-frequently-asked-questions-on-roaming-free-western-balkans .

Генералната секретарка на РСС Мајлинда Брегу, вчера на Преспа форум дијалог ги повика премиерите да си проверат со националните регулаторни тела и со операторите, дали операторите се придржуваат до договорот, затоа што, како што рече, примиле повици од загрижени граѓани дека од одделни оператори тој не се спроведува.

Од Регионалниот совет за соработка повториуваат дека седната фаза е почеток на работата со Европската Унија за намалување на цените на роамингот помеѓу Западен Балкан и ЕУ.

Next Post

Град Скопје: По грешка на изведувачот експреско ослободени дрвата на кеј

НАЈНОВО

Автобус удри во автобуска постојка во Стокхолм, има загинати

November 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

November 14, 2025

Јужна Африка 12 часа држеше 150 Палестинци во авион

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk