Познатиот детски поет, со солзи во очите, фрлен во челуста на црната пропаганда на радикалите, раскажа за неговата потрага за заштита од институциите. Тој е решителен и упорен во таа потрага. Не смее да остане сам. Бидејќи секој од нас може да биде следната мета, ако веќе не е. Ќе го искористам просторот на овој едиторијал за да го искажам своето згрозување од нечовечната и криминална постапка од, според мене, позната радикална структура која изврши груба кражба на идентитетот на поетот Наум Попески. Тие креираа лажен Фејсбук профил на познатиот поет и го искористија за ширење национална, верска и расна омраза, што е кривично дело… Крајно нечовечна и криминална постапка на радикалните структури пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.
„Изградбата на градинките е успешна приказна на која сум особено горда“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за весникот на албански јазик „Коха“. Според Шахпаска до сега во употреба се пуштени 14 детски градинки, а уште 12 до крајот на годината.
„Мојот образовен асистент треба да биде активен и секогаш подготвен за моите предизвици и за моите барања. Посакувам образовниот асистент што ќе работи со мене да ужива во моите активности, тоа да не го работи со сила. Јас ги повикувам што повеќе да се пријават и морам да им кажам дека кој и да ми биде мене асистент, ќе му биде интересно“. Ова го кажа Дени, девојче со атипичен развој кое е вклучено во редовната настава веќе осум години. Заедно со мајка и, присуствуваше на денешната средба со министерката за образование и наука Мила Царовска.
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева попладнево е спроведена во затворот во Идризово, потврди директорот на КПД „Идризово“ Јовица Стојановиќ. Спроведувањето следува откако Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда која сега веќе е правосилна, а со која таа е осудена на седум години затвор, додека Бојан Јовановски на девет години.
М. Миткоска