Премиерот Заев денеска од Охрид рече дека уривањето на дивоградбите во Охридскиот регион мора да се спроведува согласно законите и со запазување на предвидените постапки, најавувајќи дека процесот на отстранување на илегално изградените објекти на крајбрежјето на езерото ќе продолжи.
Само 0,02 отсто од вакцинираните се заразиле со Ковид-19 што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат, соопшти Министерството за здравство.
Во последните 24 часа регистрирани се нови 37 случаи на Ковид-19, од направени 4.264 тестирања. Оздравени се вкупно 10 пациенти, а нема починати пациенти.
Влада: Силно сме спротивставени на корупцијата – за разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните извештаи.
Заев и Бочварски во Подпелистерието: Инвестираме во патната и друга инфраструктура особено во општините каде што туризмот е од големо значење за развој на локалната економија.
Со ДУИ, и со БЕСА и со ДПА, имаме коалиција, заедно ќе настапиме за локалните избори. Нормално деталите не можеме да ги кажеме уште оти не ги знаеме имињата, но дефинитивно ги знаеме принципите на коалицирање. Премиерот Заев нагласи дека СДСМ е фаворит во сите градови затоа што тоа го потврдуваат и анкетите.
Заев во придружба на шефот на Делегација на ЕУ во нашата земја Дејвид Гир, министерката за култура Ирена Стефоска и градоначалничката Наташа Петровска денеска во Битола го промовираа реконструраниот Римски пат кој од градот води кон античкиот локалитет Хераклеја Линкестис.
Скопје од денес имаат можност да се рекреираат и на втората тартан патека што е оформена околу големото езеро во вториот дел од Градскиот парк, во еден од најживописните делови на паркот.
Во Волково во изминатите четири години се инвестирани над седум милиони евра во развојни и капитални проекти.
Булеварот АСНОМ почна да се пробива низ Керамидница кон Аеродром. Согласно проектот оваа фаза опфаќа реконструкција и изградба на дел од булеварот во должина од 317 метри, за што ќе се инвестираат околу 70,6 милиони денари.
Денеска се навршуваат 64 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто.
Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, денеска повторно застана во одбрана на задолжителната вакцинација за одредени групи од населението, повикувајќи се на членот 25 од грчкиот Устав.
Бугарија од понеделник, 26 јули, се затвора за патниците-странци кои ќе пристигнуваат од Холандија, Малта, Андора и Грузија.
J. Ѓ.