ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Заев и Бочварски: Со реконструкцијата на Битола – Нижеполе – Ски центар „Стрежево“ се добива пат според сите стандарди

July 24, 2021 17:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Граѓаните од Битола и регионот сега имаат лесна врска со големиот број рекреативни локации под Пелистер и брза врска со ски центарот „Стрежево“. Ова е особено важно и за развојот на зимскиот туризам дополнително и заради фактот што Јавното претпријатие „Стрежево“ одговори на барањата на љубителите на зимските спортови овозможи и ноќно скијање на своите терени“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на увидот на реконструираниот регионален пат Битола – Нижеполе – Ски центар „Стрежево“, кој во наредните денови по техничкиот прием ќе биде пуштен во употреба.

На настанот, на кој присуствуваа и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални  патишта „Македонија пат“, Беким Мемеди, премиерот Заев рече дека по завршената реконструкцијата на патот тој повторно ќе им биде ставен на располагање во целосна функција на граѓаните од Битола и на жителите на околните локални населени места.

Со реконструкцијата на овој регионален пат во должина од 5,5 километри, вредна 36 милиони денари од Буџетот на Република Северна Македонија ширината на патот сега изнесува 6 метри според сите стандарди за оваа категорија патишта и претставува безбедна и функционално патно поврзување помеѓу Битола, како голем регионален центар и Подпелистерскиот туристички центар.

„Подпелистерскиот туристички центар бележи силен напредок во селскиот туризам кој станува сé поатрактивен за голем број странски туристи и тоа е потенцијал кој носи и сериозни придобивки за локалното население и за локалната економија“, рече премиерот Заев.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во својата изјава потенцираше  дека развојот и унапредување на патната мрежа е приоритет за што се планирани инвестиции од преку една милијарда евра заради забрзан економски развој на државата и општините, особено во оние каде што туризмот е од особено значење за развој на локалната економија.

„Уверуваме дека поддршката продолжува во континуитет и заеднички со локалната власт ќе реализираме проекти за развој на Битола и цела Пелагонија. Ова го зборувам од причина што огромен број на средства алоцираме за развој на регионот. Се работи на проекти во патната мрежа, во комуналната инфраструктура, во гасификацијата“, нагласи Бочварски.

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска информираше дека со реконструкцијата на патниот правец кон Нижеполе, паралелно се врши и реконструкцијата и на патниот правец Трново-Магарево и се постави канализациона мрежа и пречистителна станица, со што се затвора една успешна приказна на развој на туризмот во Потпелистериоето, овозможувајќи им на жителите на овие села, но пред се на туристите и посетителите, поквалитетна животна средина и хигиенски третман на околината, без испуштање на отпадните води во околните реки.

Директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, Беким Мемети рече: „Почнавме со асфалтирање на патот во должина од 6 километри инвестицијата е во висина од 36 милиони денари, исто така во тек е тендерска постапка за рехабилитирање и реновирање на патот Меџитлија – Битола кој е од големо значење за градот.“

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат

July 19, 2025
Марш за ангелите, Кочани. Фото: МИА

Петнаесети Марш за ангелите во Кочани: Родителите ги исвиркаа институциите – никој не може да не сопре да додјдеме до вистината

July 19, 2025
Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk