Датумот на локалните избори останува 17 октомври согласно Изборниот законик. Поклопувањето на пописот со кампањата за изборите нема да промени ништо, а можно е пописот и порано да заврши, рече премиерот Зоран Заев. Кога ЕУ ќе одлучат да го продолжиме процесот нека ни се јават, ние продолжуваме со европеизацијата дома, додаде тој.
Охридскиот рамковен договор донесе нов дух на водење политики кои градат мостови, а не ги рушат, политики коишто ги сплотуваат граѓаните и не ги делат на патот на кој ја обезбедуваме иднината на нашата земја во заеднички евроатлански дом заедно со другите народи, вели Премиерот.
За министерката Шекеринска Охридскиот рамковен договор е единствениот балкански договор кој се смета за успешен и според она што било дискутирано и на Преспа форумот и на дискусиите што ги имала со луѓе кои го разбираат Балканот, тие велеле дека малку бил различен патот да се дојде до Охридскиот договор, многу рискантен, меѓутоа клучната разлика помеѓу Охридскиот договор и останатите договори е имплементацијата.
Охридскиот рамковен договор е политички бисер кој што е внатрешна сила која што не подготвни да се соочуваме со надворшените предизвици. Тој е база за потпишување на двата други договори, со Бугарија и на Преспанскиот договор со Грција, кажа министерот за надворешни работи, Бујар Османи на тематската седница на Владата посветена на 20 годишнината од Охридскиот рамковен договор.
Посебно драго ми е што годишнината ја одбележуваа токму оваа коалиција која што рушеше табуа во 2002 година и се до 2006 ја презема огромната одговорност и храбро го трансформира нашето општество, истакна првиот потпретседател на Владата, Артан Груби во говорот на тематската седница посветена 20-годишнината од Охрискиот рамковен договор. Димитров истакна дека Охридскиот рамковен договор е одличен модел за решавање на проблеми во денешната глобална криза на демократија.
Откако претседателот на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, на својот фејсбук профил објави фотографија од себе во комитска облека која сугерира на Тодор Александров, реакциите на социјалните мрежи не стивнуваат.
М. Миткоска