Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев соопшти дека договорил соработка за локалните избори со претседателот на ДПА, Мендух Тачи. На својот фејсбук-профил Заев утрово напиша дека СДСМ и ДПА ќе соработуваат и реципрочно ќе се поддржат во повеќе општини.
Владата на Република Северна Македонија донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000,00 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000,00 денари.
Со измените и дополнувањата во Кривичниот законик, меѓу другото, се предлагаат членови со кои во иднина нападот врз новинар, снимател или фоторепортер ќе се третира исто како напад врз службено лице.
Засега не се планираат рестрикции на границите и во организирањето помасовни настани, но можно е од есен да ги има за невакцинираните граѓани. Се размислува за ограничувања од септември или октомври за оние што не примиле вакцина, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, додаде дека половина милион граѓани ќе бидат целосно имунизирани во август.
Заштитен од сите страни, нахранет и напиен до пукање, како зрела вошка, збогатен од работа од која чесен човек не се збогатува… Цел живот цица на државни јасли, седнува на секој фотелја што ќе му се види удобна (советник, пратеник, професор, партија…). Сѐ што може и не може го става на државна сметка. Плус: го користи имунитетот насекаде (во муабет со сообраќаец, на пример), користи што е можно повеќе хонорари, дневници, сите можни привилегии, а краде пораки од граѓанските организации што бараат укинување на привилегиите… Фоторобот на криминалецот во политиката: Бескрајно искачување во празно, пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.
М. М.