ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Во прилепската библиотека одбележани 100 години од раѓањето на Блаже Конески, ги доби новите изданија на МАНУ за делото на великанот

December 15, 2021 18:11
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Прилепската библиотека меѓу првите доби поголем дел од 12-томното издание за творечкот опус на великанот Блаже Конески кој се подготвуваше неколку години и МАНУ го издава во годината кога славиме 100 години од раѓањето на кодификаторот на македонскиот современ јазик, на поетот, прозаист, академик, граматичар Блаже Конески.

Според академик Катица Ќулавкова од МАНУ, Блаже Конески ја испрати својата порака за значењето на јазикот кој е наша основна татковина, а ние со порака дека треба да го чуваме зашто е дел од идентитетот на македонскиот народ.

Се наближува денот на раѓањето на великанот Блаже Конески кога одбележуваме 100 години од неговото раѓање (19 декември). Овде во прилепската библиотека сум на некој начин да ги промовирам изданијата на МАНУ кои се резултат на еден долгогодишен проект, критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески. Станува збор за 12 тома: во првите два тома е објавена поезијата, потоа препевите на Блаже, па прозата, есеите на Блаже Конески, Кирилометодиевистиката, и последните неколку томови се исклучиво лингвистички, и завршуваме со неговата граматика иприлозите кон современиот македонски јазик. Тоа е што се однесува до критичкото издание што го почна академик Ѓурчинов, а јас го продолжив. Со голем тим на лингвисти, книжевни научници успеавме да го завршиме ова навистина значајно издание. Сите пораки на Блаже Конески за македонскиот јазик се дадени во неговото обемно научно и поетско дело, а тоа е дека: македонскиот јазик е нашата идеална татковина, тоа е духовна и го обединува македонскиот народ каде и да е. А ние, како Ману постојано излегуваме со институционални ставови за македонскиот јазик, прво за јазик кој е самостоен, произлегува од групата словенски јазици, имаме самостоен развој.Македонскиот јазик е богат граматички, структурно и се залагаме во современо доба да врши интегративен фактор во нашето општество, рече Ќулавкова.

Според Моника Талеска, директор на библиотеката „Борка Талески“ во прилепската библиотека од приближно 135.000 книжни единици, околу 200 се на Блаже Конески.

– Тоа е релативно мал дел од фондот на библиотеката. Особено сме горди на еден раритетен примерок од 1945 година со наслов „Македонската литература и македонскиот литературен јазик кој сега има и ново издание. Го чуваме како посебен примерок кој за нас има огромна вредност. Многу ни е драго што денес го организираме овој настан, по повод 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески за да ја оддадеме нашата почит кон ликот и делото на великанот Конески, рече Талеска.

На настанот по повод 100 години од раѓањето на Конески се читаше негова поезија, а академик Ќулавкова се осврна кон творечкиот опус на Конески.

извор: МИА
Next Post

Американскиот Сенат го одобри буџетот за одбрана за 2022 година што ќе изнесува 768 милијарди долари

EVN

НАЈНОВО

Чупеска со жесток говор во Собранието: Кривичен законик за елитите, репресија за граѓаните

January 17, 2026

(ВИДЕО) Принцезата Кејт Мидлтон ја прекрши кралската традиција – сама се довезе на прием во Виндзор

January 17, 2026

Идрис Елба за малку ќе ја пропуштел витешката титула од кралот Чарлс – поради изгубено писмо

January 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Републикански конгресмен предупредува: Воена акција на САД врз Гренланд би значела крај на мандатот на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

    5 shares
    Share 5 Tweet 0
  • Oвде едноставно не може да му се прости на човек кој спечалил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 16 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мачадо му ја предала медалата за Нобелова награда на Трамп за рушењето на Мадуро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk